Лозано стана татко - Пејачот доби син

Нашиот познајт пејач Влатко Лозановски стана татко.

Извор близок до Лозано ја споделил радосната вест дека пејачот на  македонски забавни мелодии, Влатко Лозановски - Лозано станал татко.

Пејачот добил наследник, а бебенцето го добило името Марко. 

Засега пејачот нема објавено ништо на своите социјални мрежи во врска во ова. Инаку тој е познат дека го крие приватниот живот далеку од очите на јавноста. 

Македонија добива шест нови авио линии - се очекуваат 200 000 патници плус

Шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул ќе бидат отворени следната година, најави министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија. 

Како што информираше министерот Николоски, четири нови авионски линии се однесуваат на скопскиот аеродром, каде два пати неделно ќе се лета на релација Скопје-Дубаи-Скопје (од 30 март), исто како и Скопје-Барселона-Скопје (од 30 јуни), додека, по три пати неделно ќе се лета Скопје-Лион-Скопје (од 30 јуни) и Скопје-Штутгард-Скопје.

На охридскиот аеродром, новина се линиите Охрид-Базел-Охрид која ќе лета два пати неделно и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид (од 30 март) која ќе лета четири пати неделно.

Министерот информираше дека државата субвенционира 12 евра по патник на доаѓање на охридскиот аеродром и 9 евра по патник на доаѓање на скопски аеродром. Тој рече дека се очекуваат 200 000 патници плус со новите линии.

-  Овие шест дестинации се прекрасна вест за македонските граѓани. Директно поврзување со Дубаи, Барселона Штутгард, Лион, Базел и Истанбул се прекрасна вест која ќе донесе бројни нови туристи и полесно патување за македонските граѓани, рече министерот.

Дополни дека се во процес на подготовка на втор повик кој треба да се објави кон крајот на ноември и да донесе нови дестинации.

Во моментов, на скопскиот аеродром во лето оперираат 47 дестинации, а на охридскиот осум, додека, во зимскиот период 38 од скопски и четири од охридски аеродром.

Виз Еир е авионската компанија задолжена за новите летови за Штутгард, Базел, Барселона и Лион. Флај Дубаи за Дубаи и Туркиш Ерлајнс за Истанбул.

Автомобил прегази 77-годишна жена во кумановско, која починала во болница

На 24.10.2024 во 16.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кон с.Горно Којнаре, кумановско, патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(21) од село Горно Којнаре, удрило во С.Ѓ.(77) од село Матејче, липковско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ. констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.

Со телесни повреди се здобила С.П. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

По Карлеуша, во Скопје доаѓаат Десенгерица и Теа Таировиќ

По големиот и многу зборуван концерт на балаканската ѕвезда Јелена Карлеуша во Скопје, најави за нови концерти на популарните регионални изведувачи во главниот град.

За во Скопје предновогодишно се најавени концерти на популарниот контроверзен српски рапер Десенгерица на 20.декември во спортскиот центар „Јане Сандански“. 

Миленичката на публиката Теа Таировиќ настапува на 30. ноември во арената „Борис Трајковски“.

За на 2. ноември во Скопје, во „Борис Трајковски“ е закажан мега концерт на Марија Шерифовиќ, додека Саша Матиќ најави концерт на 21. декември исто така во „Борис Трајковски“. 

Популарно