Радост во семејството на Трипуновски: Сопругата Моника роди син

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски и неговата сопруга Моника Станковска добија син. Веста ја објави на социјалната мрежа Фејсбук без да го открие името на бебето.

-Денес на овој голем ден мојата сопруга Monika Stankovska на свет донесе здраво машко дете! Му благодарам на Господ за сите благослови што ни ги дарува . Нека овој нов живот биде извор на гордост и радост за нас, исполнет со многу среќни моменти, напиша Трипуновски.

Лесен домашен лек против кашлица

Благодарение на моќните својства на медот и бананата, ослободете се од болното и воспалено грло, кашлицата, па дури и од стомачните проблеми.

Состојки: 400 мл зовриена вода, 2 средни банани со црни пеги по нив, 2 лажици мед.

Подготовка: Најпрвин излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка. Доколку сте во можност направете го тоа со дрвена лажица. Потоа бананата ставете ја во сад со зовриена вода. Оставете ја да отстои околу половина час. Кога смесата ќе се олади, додадете го медот. Важно е медот да го додадете последен, бидејќи, доколку го помешате со зовриената вода, ќе ги загуби лековитите својства.

Примена: 100 мл од овој напиток пијте четири пати дневно. Количината на состојките од овој рецепт е доволна за еден ден. А наутро за наредниот ден направете си нова. Првите резултати ќе ги забележите за три дена.

Жените над 50 години треба да избегнуваат четири видови храна

Менопаузата носи многу предизвици за жените, вклучително и хормонски промени кои можат да предизвикаат непријатни симптоми како што се топли бранови, промени во расположението и зголемување на телесната тежина. За среќа, постојат промени кои можете да ги направите за да ги ублажите овие симптоми, а исхраната игра клучна улога.

Иако постојат многу корисни намирници кои можат да ги намалат симптомите на менопаузата, важно е да се има на ум дека одредени видови храна може да ги влошат овие проблеми, особено преработената храна.

Д-р Мајкл Лахи истакнува неколку видови на храна што жените над 50 години треба да ги избегнуваат за да ги контролираат симптомите на менопаузата и да спречат зголемување на телесната тежина.

1. Слатки и газирани пијалоци

Слатките, како бонбоните и газираните пијалаци, се несомнено вкусни и честопати е тешко да им се одолее. Сепак, нивната висока содржина на фруктоза најверојатно ќе доведе до ненадејни скокови и падови на нивото на шеќер во крвта. Овој ефект може да ги влоши промените во расположението и заморот, два вообичаени симптоми на менопаузата.

„Газираните пијалоци и слатките предизвикуваат раздразливост и необичен замор, кои се толку забележливи за време на менопаузата“, предупредува д-р Лахи за SheFinds. Освен тоа, шеќерот придонесува за акумулација на масното ткиво и носи низа други здравствени ризици. Д-р Лахи препорачува свежо овошје или темно чоколадо за задоволување на потребата за слатко.

2. Преработено месо

Преработеното месо, како што се колбасите, виршлите и нарезоците, се меѓу најлошите намирници за здравјето. Оваа храна е богата со натриум и конзерванси, што може да доведе до надуеност и воспаление. „Оваа храна може да ги влоши симптомите на менопаузата со зголемување на нивото на воспаление во телото“, вели докторот.

Надуеноста е честа поплака за време на менопаузата, а вишокот натриум од преработеното месо само ја влошува ситуацијата. Д-р Лахи препорачува посни протеини, како што се пилешко без кожа, риба или опции од растително потекло како грав и тофу, кои се одлични за одржување на тежината.

3. Рафинирани јаглехидрати

Белиот леб, пецивата и другите рафинирани јаглехидрати можеби се вкусни, но за жал, за време на менопаузата и воопшто, тие прават повеќе штета отколку корист. Според д-р Лахи, „рафинираните јаглехидрати ја зголемуваат тежината и нивото на инсулин, што го отежнува слабеењето“.

Тие исто така можат да ги влошат промените во расположението и често да не остават исцрпени. За постабилно ниво на шеќер во крвта и повеќе енергија, важно е да изберете цели зрна како киноа, кафеав ориз и интегрален леб.

4. Транс масти

Транс мастите се наоѓаат во многу од најпопуларните преработени грицки и пржена храна, а за жал, тие можат да бидат лоши за симптомите на менопаузата.

„Транс мастите го зголемуваат ЛДЛ холестеролот и го намалуваат ХДЛ, што го влошува воспалението и доведува до зголемување на телесната тежина“, објаснува д-р Лахи. Овие нездрави масти, исто така, можат да ги влошат топлите бранови и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања.

Клучно е да се проверат етикетите за исхрана за транс масти, а кога готвиме дома, можеме да размислиме за користење природни, здрави масти како кокосово или маслиново масло бидејќи тие можат да помогнат во одржувањето на здрави нивоа на холестерол.

Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“

Британскиот крал Чарлс Трети, кој со сопругата Камила е во посета на државата Самоа, на свеченоста за пречекот, учествуваше во традиционалното пиење на психотропниот пијалок „кава-кава“. Потоа е прогласен за „висок поглавар“ на овој остров.

Кралот Чарлс присуствува на Состанокот на шефовите на влади на Комонвелтот, неколку месеци откако му беше дијагностициран рак. Самитот се одржува во Апија, главниот град на Самоа, каде што ќе се избере нов генерален секретар, сега номиниран од африканска земја, во согласност со подрачните ротации во Комонвелтот. Ова е негова прва посета на островската држава на Тихиот Океан, која некогаш била британска колонија.

Напивката на кралот му била послужена во исчистен кокос пресечен на половина. Овој благо опоен напиток, што е еден вид пиво, е важен дел од културата на Пацификот, а во обредите се нарекува и „ава“.

- Господ да ја благослови оваа „ава“, рекол Чарлс пред да ја проба напивката.

Инаку, поранешниот заменик-премиер на Австралија, Мајкл Мекормак бил хоспитализиран откако случајно испил премногу од ова „пиво“, на сличен обред во Микронезија во 2022 година.

Кралската двојка подоцна го посети селото Моата, каде што Чарлс стана „tui taumeasina“ т.е. „висок поглавар“ на Самоа.

Британскиот монарх е на 11-дневна турнеја низ Австралија и Самоа. И климатските промени ќе бидат тема на разговор на самитот.

Популарно