Новиот визен систем на ЕУ - Етиас ќе почне во 2026

Ова е добра вест и за македонските граѓани кои ќе мораа да се изложуваат на нов трошок при при патување. Како причина за ново одложување е неподготвеноста на земјите-членки за импементација на овој систем. Европската унија на официјалната страница објави дека системот ETIAS со кој граѓаните кои немаат визен режим со Унијата ќе мораа да плаќаат 20 евра при влез е одложен за последното тромесечије во 2026 година. 

Но кон крајот на октомври ќе стартува ЕЕS системот за патување во ЕУ.

Што е EES?

EES (Entry/Exit System) ќе биде автоматизиран систем кој ќе бара од британски и други државјани надвор од ЕУ да:

– регистрираат биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија од лицето),

– внесат информации како име, детали од пасош, и податоци за влез/излез,

 пред да патуваат кон Шенген-зоната.

Кои се придобивките?

– Намалување на потребата за рачно печатирање на пасошите

– Побрзи и поефикасни гранични проверки

– Зајакнување на безбедноста на границите

Веста за одложувањето на ЕTIAS денеска ја објави вицепремиерот Александар Николоски.

– Правилата за патување во Европската Унија се одложени за Македонија и треба да стартуваат следната година, доколку повторно нема некои одлагања, а во меѓувреме сме во постојан контакт со ЕУ за координација на целокупниот процес.

Вработување во Шпаркасе Банка, Фитнес Хаус и Пивара Скопје!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА
ОПШТ РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ШТИП

Magna International Inc. е водечки глобален автомобилски добавувач посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што го менуваат светот.

Моментално вработува:

QUALITY ENGINEER
TOOL SETTER – INJECTION

Фитнес Хаус е специјализиран ресторан за здрава и фитнес исхрана во Скопје, основан во 2015 година со цел да понуди брза, но нутритивно избалансирана храна за луѓе со активен начин на живот.

Моментално вработува:

САЛАТЕР/КА – АЕРОДРОМ
САДОМИЈАЧ/КА – АЕРОДРОМ
ПОМОШНИК/ЧКА ВО КУЈНА – ЦЕНТАР
САЛАТЕР/КА - ЦЕНТАР

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе. 

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕТИКЕТИРАЊЕ И ПРЕВОД
ЕКСПЕРТ ЗА HACCP
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ - ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКИ - ОВОШЈЕ, ЗЕЛЕНЧУК, ЦВЕЌИЊА И РАСТЕНИЈА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ОПРЕМА ЗА МАРКЕТИ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

УНАПРЕДУВАЧ НА ПАЗАРОТ - РЕОН СТРУМИЦА
ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР ЗА КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ
ВОЗАЧ - ДИСТРИБУТЕР

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата.

Моментално вработува:

БЛАГАЈНИК – ПОМЛАД СОРАБОТНИК

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Сите огласи од Жито Маркети можете да ги најдете ТУКА.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Путин разговараше со Ердоган

Рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, соопшти прес-службата на Кремљ. Политичарите, меѓу другото, разговараа за руско-американскиот самит што се одржа во Алјаска на 15 август, соопшти Кремљ.

Во разговорот со Ердоган, Путин го коментираше состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп, а во овој контекст, претседателите на Русија и Турција разговараа за прашањето за решавање на украинскиот конфликт. Шефот на руската држава му се заблагодари на својот соговорник за посредништвото во преговорите меѓу Москва и Киев во Истанбул, соопшти Кремљ.

Покрај тоа, политичарите разговараа за актуелни прашања на билатералната агенда, на пример, продолжувањето на соработката во областа на трговијата и инвестициите.

-Беше договорено да се продолжат личните контакти, се наведува на официјалната веб-страница на Кремљ.

Турција ги поддржува напорите за воспоставување траен мир во Украина со учество на сите страни, му рече Ердоган на Путин за време на денешниот телефонски разговор, соопшти турското претседателство.

Ердоган му рекол на Путин дека внимателно го следи развојот на настаните поврзани со тој процес и дека Турција се залага за праведен мир уште од почетокот на војната, се вели во соопштението. (МИА)

Популарно