Samsung го претстави најголемиот телевизор во светот

Минатата година на Consumer Electronics Show (CES), Samsung го претстави најголемиот 4К телевизор, но неговата дијагонала од 85 инчи, ќе станe минијатурна во споредба со новиот 110-инчен Ultra HDTV модел.

samsung-go-pretstavi-najgolemiot-televizor-vo-svetot-165326

Корејската компанија пред една година вети поголема верзија на својот џиновски модел, а денеска тој стартува со продажбата. За почеток ќе биде достапен само во Кина, Средниот исток и неколку европски држави, а веќе од следната година ќе почне да се испорачува низ светот.

Со димензијата од 2,6 на 1,8 метри, овој телевизор е поголем од кралски брачен кревет и изгледа поимресивно од 85-инчната верзија.

Се разбира, овој модел доаѓа со висока цена. Иако се уште не е познато колку точно ќе чини, помалата верзија има цена од 40.000 долари, па претпоставките се дека новиот модел ќе чини колку еден луксузен автомобил.

Извор - Кајгана

Мета им се извини на корисниците: Работиме на тоа да се вратат апликациите во нормала

„Свесни сме дека технички проблем влијае на способноста на некои корисници да пристапат до нашите апликации. Работиме работите да се вратат во нормала што е можно поскоро и се извинуваме за непријатностите“, се вели во нивното соопштение.

Од попладнево има дефект на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Околу 19 часот корисниците почнаа да пријавуваат проблеми со социјалните мрежи на веб-страницата Down detector, која ги следи техничките проблеми со социјалните мрежи и веб-страниците ширум светот.

Видео: НАСА го лансираше „Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина.

Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на оваа огромна гасовита планета и ќе ѝ се доближи на нејзината ледена месечина. Вселенското летало полета ракета „Фалкон хеви“ на „Спејс-Икс“ од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал, Флорида, САД.

Тој вселенски лет е долг повеќе од три милијарди километри и ќе трае до 2030 година.

На пат кон Јупитер, доколку не се јават непредвидени проблеми, вселенското летало прво ќе мине и покрај Марс и ќе се врати во орбитата на Земјата пред „да се катапултира“ кон Јупитер.

Научниците се речиси сигурни дека има длабок замрзнат океан под ледената обвивка на Европа и укажуваат дека онаму каде што има вода, може да има и живот, што ја прави оваа месечина едно од посоодветните места за потрага по услови за живот. Сепак, како што соопшти НАСА, „Европа Клипер“ првично нема да бара облици на живот бидејќи нема детектори и инструменти за таков вид истражување.

Популарно