Напишал проштално писмо и го преживеал ураганот Сенди

Откако ураганот Сенди помина низ источниот брег на САД, раскажани се многу приказни за преживеаните. Многумина од нив оставиле и проштални писма. Американските медиуми објавуваат едно такво.

Мајк (28) од Њу Џерси бил уверен дека ќе загине, во писмото кое го напишал се прости од своите познаници, пријатели и роднини.

- Кој и да го чита ова нека знае дека во овој момент умирам. Моето име е Мајк и имам 28 години, морав да провалам во вашата куќа, земав покривач од вашиот кауч затоа што имам хипотермија. Не земав ништо друго. Бранот вода ме исфрли од куќата недалеку од вашата. Мислам дека нема да преживам. Надвор водата е длабока преку три метри. Нема спас, напишал Мајк во почетокот на прошталното писмо.

Во очај, тој во писмото го напишал бројот на телефонот на својот татко и замолил да му ја пренесат љубовта од синот.

- Кажете му на мојот татко дека го сакам и дека се обидов да излезам. Тој се вика Тони. Се надевам дека ова ќе можете да го прочитате затоа што пишувам во целосен мрак. Земав и црна јакна. Збогум. Семожен Господе помогни ми, стои на крајот во писмото.

Сопственичката на куќата Кристина го фотографирала писмото и го поставила на интернет, после тоа почна да кружи по социјалната мрежа. Откако целата приказна стигна до медиумите, радио станицата WOBM во Њу Џерси се јавила на Тони.

- Да, тоа е мојот син Мајк, тој е овде. Сакате да разговарате со него, ја праша водителката на радиото пресреќниот татко. Во разговорот, Мајк рече дека во водата бил четири часа откако поплавата ја уништила неговата куќа.

- Пливав без облека на себе. Потоа ја здогледав куќата низ која поплавата помина. Влегов и се покрив со пешкири. Бев жеден и пиев солена вода, рече Мике.

После тоа до него дошле спасувачите и со чамец го префрлиле до засолништето.

(Фото) Внукот на Тоше, Кристијан преку фотогалерија му оддаде последна почит на својот дедо

Внукот на Тоше Проески, Кристијан кој уште од мал е познат во јавноста, по загубата на својот дедо Никола Проески преку фотогалерија му одаде последна почит на својот Инстаграм профил.

Кико сподели фотографии од своето детство се до денес, заедно со дедо Никола и Тоше, а под нив напиша само кратко – „Папу“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by @kristijanristeski

Селин Дион за болеста со која се учи да живее

Канадската поп-пејачка Селин Дион во интервјуто за на француското издание на списанието „Вог“ проговори за своето невролошко заболување наречено Синдром на вкочанета личност. Болеста ѝ беше дијагностицирана есента 2022 година.

– Не сум ја победила болеста, таа сѐ уште е во мене и секогаш ќе биде. Се надевам дека ќе се случи чудо, дека ќе најдеме начин да ја излечиме преку научно истражување, но токму сега, морам да научам да живеам со неа. Значи, ова сум јас сега – со синдромот на вкочанета личност, изјави Дион.

Таа потоа раскажува како изгледа нејзиниот живот по дијагнозата.

– Во неделата, пет дена одам на атлетска, физичка и гласовна терапија. Работам на прстите на рацете, на нозете, колената, листовите, пеам… Гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси. На почетокот се прашував: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?“, се потсеќа пејачката.

Таа вели дека сега има два избора – да тренира или целосно да се повлече.

– Животот не дава никакви одговори. Само треба да го живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина. Како што ја гледам, имам два избора. Или ќе тренирам како спортист и ќе работам напорно, или „се исклучувам“ и останувам дома… Значи, ги слушам моите песни, стоејќи пред огледалото и ги пеам со цело тело и душа, со медицинскиот тим, повторно, нагласи Селин.

Таа има голема поддршка од семејството и децата.

– Пред сè, љубовта на моето семејство и моите деца, љубовта на обожавателите и поддршката на мојот тим – сè тоа ме крепи. Луѓето кои страдаат од СПС (кретенка за болеста, з.п.), можеби немаат доволно среќа или имаат средства да имаат добри лекари и добри третмани. Тоа е дар, знам дека ништо нема да ме спречи, појасни таа.

На прашањето дали ќе се врати на сцената, Селин сè уште нема конкретен одговор.

– Моето тело ќе ми каже. Од друга страна, не сакам само да чекам. Многу е тешко да се живее од ден за ден. Но, има едно нешто што никогаш нема да запре, а тоа е волјата. Тоа е страста. Тоа е сонот. Тоа е одлучноста!, заклучи поп-ѕвездата.

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“.

Популарно