Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот

Лишен од слобода е кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот, оваа информација денеска ја потврдија од МВР за МИА. 

- Синоќа во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, е официјалната информација од СВР Велес. 

Заканите биле упатени во угостителски објект. 

Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект

Здравствената состојба на 56 годишниот работник е стабилна и е хоспитализиран на одделението за ортопедија при штипската клиничка болница. Примен е со тешки телесни повреди, скршеници на пршлените, откако заедно со неговиот колега, 71 годишен пензиониран готвач настрадаа при пад на лифт во угостителски објект во Штип. За жал постариот работник и подлегна на повредите.

Во меѓувреме директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска изјави дека на лице место е излезен трудов инспектор. Утврдено е дека двајцата работници не биле вработени, туку работно ангажирани во објектот.

Денес до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа. Од Обвинителството пак информираат дека се обезбедуваат докази за расчистуваање на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата се уште нема официјални информации. Телото на починатото лице е дадено на обдукција.

Ева Лонгорија во фустан кој ги истакнува атрибутите, оваа креација ќе сакате да ја видите од секој агол

Ева Лонгорија пристигна на Канскиот филмски фестивал, а се чини дека сите модни ентузијасти премолчено се согласија дека имаме победник.

Лонгорија присуствуваше на премиерата на Kinds Of Kindness, со Ема Стоун и Џо Алвин, во блескав фустан со отворен грб на Elie Saab и со длабоко деколте.

Масивниот дијамантски ѓердан со розови скапоцени камења, соодветни обетки и прстени го комплетираа раскошниот изглед, кој вклучуваше чевли од Сантони, а нејзината коса беше стилизирана во долги, лабави бранови.

Фустанот е вистинско славје на женската силуета од извонредната изработка која ги истакнува облините, до отворениот грб.

Ова е фустан што сакате да го видите од секој агол.

Популарно