Минчо Јорданов повеќе не е на врвот - Кој е најбогатиот Македонец?

По три години на тронот, Минчо Јорданов повеќе не е на првото место на најбогати луѓе во Македонија. Од тронот, според Форбс го го тргна Јордан. Во овогодинешната листа на најбогати што ја објави угледниот економски весник Форбс насловена како младоста го победи искуството има рокада во топ петте најбогати.

orce-kamcev-540x3641

1. Со 22,8 милиони евра вредност на компаниите во сопственост на Јордан Камчев како што се Кара, Орка, Стопанска банка Битола, Бетон Штип. Камчев изби на првото место на најбогати. Мината година Камчев успеал да го зголеми капиталот за повеќе од три милиони евра.

Некои го обвинуваар дека клучна прична за успехот се блиските релации што Камчев ги има со ВМРО -ДМНЕ, на што тој одговара дека благодарение на оваа партија ништо нема земено, пишува Форбс.

2. На второ место со 22,5 милиони евра колку што чинат Макстил, Бетон и Факом. Кралот на челикот Минчо Јорданов, падна на второ место. За најстариот бизнисмен во најбогатата петорка минатата година се покажа тешка. За само една година од 2014 па се до крајот на 2015 година Макстил изгуби од својата вредност 5,6 милиони евра , и 2015 година ја заврши со пад на приходите од 20% во однос на 2014 година. Забавувањето на Кинеската економија, која е клучен пазар за челикот, санкциите на Европа кон Русија, но и инвестицискиот циклус што Макстил го спорведе во инсталирање на филтри на оџаците го зема данокот поради што Јорданов се најде едно место пониско.

3. Со вкупната вредност на акциите на Макпретрол и Олико од 20 милиони евра Форбс го рангираше Андреја Јосифовски на третото место. Не остана не забележана од Форбс и истргата што ја покренаа МВР и Јавното обвинителство, кои според многумина, пишува Форбс , се толкува како обид од страна на владеачката структура да го дисциплинира Јосифовски, кој е сопственик на Телма, што е еден од ретките критички медиуми спрема владата пишува весникот.

4. На четврто место со вредност од 13,3 милиони евра на Прилепска Пивара и сопственост од контролниот пакет на акции од 74% е Сашо Самарџиски.

5. На пето последно место со 9,8 милиони евра колку што чини Алкалоид според вредноста на акциите се најде Живко Мукаетов. Тој успеа во 2015 да ја зголеми пазарната вредност на Алкалоид за 127 милиони евра или за 20% во споредба со 2013 година.

Според висината на остварените приходи во 2014 година во топ 10 се најдоа Џонсон Мети со приход од 936 милиони евра, повеќе од двојно помалку или со приход од 394 милиони евра на второто место е ЕВН, на трето Окта, Макепетрол, ЕЛЕМ, Фини индустри, Македонски Телеком, Лукоил, Т- мобил и Алкалоид.

Дневен хороскоп

ОВЕН

Ќе бидете активни во барањето на сродна душа ако сте уште сами. Нема да ви биде тешко да отидете на крајот од светот само да го најдете она што го барате. Оние што се во врска ќе ја изненадат саканата личност со предлози полни со активности и динамика. Посветете малку време и на семејството.

БИК

Некои ќе отидат на пократок пат или на излет со саканата личност. Ова може да остане во незаборавен убав спомен. Други ќе пречекаат роднини кои ќе ги поврзат со личност која искрено ќе ги заинтересира. Добро ќе се справувате со тешки и значајни теми. Некои ќе бидат изоставени, или пак пред нив ќе бидат поставени поголеми задачи. Од финансиска гледна точка би требало да остварите добри резултати.

БЛИЗНАЦИ

Како што ќе одминува седмицата, сè повеќе ќе сакате да отидете на годишен одмор. Оние кои сè уште не можат, веројатно ќе мораат да се ангажираат околу некои заостанати работи за кои одамна мислеле дека се завршени. Пријатниот амбиент, поголемата отвореност и подготвеноста да го изразите она што го чувствувате како и наклонетоста на другата страна ќе ви ги направат овие денови убави.

РАК

Можеби ќе се чувствувате незаинтересирано за некои позначајни љубовни потфати. Тоа е како резултат на вашата блокираност. Објективно, можни се дискретни уживања кои ќе се помнат.  На дневен ред доаѓаат инвентивности. Ќе има и такви кои дефинитивно ќе завршат една фаза од својата работа. На повидок се нови очекувања, но за нивно остварување ќе треба да се постават нови темели.

ЛАВ

Повеќе би сакале да се повлечете и да работите нешто од дома. Некои ова влијание ќе го искористат за вистински домашни работи, па кога ќе им заврши работното време ќе отидат дома каде ќе се претворат во вистински мајстори. Љубовта во оваа седмица е некаде на страна, тивка и малку скриена.

ДЕВИЦА

Подгответе се за инвентивност или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои непредвидено ќе отидат на годишен одмор. Овие денови нема да дојде до значително придвижување во вашите приватни односи. Ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, па многумина со зборови ќе го надоместуваат она што им недостасува на емотивно поле.

ВАГА

Пред вас е ден за добри, но не големи љубовни прилики. Искористете го така што ќе ја зајакнете довербата помеѓу вас и партнерот. Исто така би требало да примените самоконтрола бидејќи од време на време ќе реагирате како што не треба. Бидете воздржани. Потрудете се да ја искористите можноста за унапредување на работното место.

ШКОРПИЈА

Од големи идеи и амбиции вие во оваа седмица полека ќе се спуштите на земја. Ќе има помалку соништа, а сè повеќе приземна работа, но тоа нема да ви биде непријатно. Од вас и вашата способност за самоконтрола зависи успехот во вашиот приватен живот. Потрудете се. Можно е да се случи нешто преубаво.

СТРЕЛЕЦ

На работното место ќе се случуваат значајни работи, а работата ќе добие на тежина. Тоа е нешто што го обожувате, па ќе и се предадете на работата без задршка и безрезервно. Мноштвото забави и бројните излегувања на атрактивни места ќе бидат ретко видени доживувања кај вас овие денови. Уживајте, но немојте да заборавите и на оние мали вниманија кои многу им значат на луѓето. Особено на вашата драга личност.

ЈАРЕЦ

Како што одминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите ново настанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.

ВОДОЛИЈА

Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од вас и имаат влијание на работите. Затоа поврзете се и не препрашувајте премногу. Следете ги до целта. Љубовта ви се чини дека е далеку од вас, но другите содржини од животот ви даваат сила да ја издржите самотијата или дистанцата во личните односи. Така ќе биде до крајот на оваа седмица.

РИБИ

Работите лесно ќе ги завршувате, а вашата самодоверба ќе расте. Многумина овие денови ќе имаат можност да ги покажат и докажат своите способности. Ако сте сè уште сами, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Тие ве чекаат. Оние што се во врска ќе почувствуваат како се развива нивниот однос во вистинската насока. Ќе им биде мило.

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

Денес е Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Овој е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, Го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. За нас, па, ова е ден за сози на љубовта и благодарноста.

Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот. Денес сите сме крај Христовиот гроб. Се поклонуваме пред Плаштаницата, на која е претставено телото Господово при погребението, и положено во гробот. Тоа е украсениот гроб Христов, на сред црква, пред кој стоиме и молчешкум се молиме. Се протнуваме под неа на колена, со понизност. Го чекаме Воскресението. Ова е ден за прославување на неискажливата љубов од Богочовекот кон луѓето. Велика Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Смртта не може да Го задржи самиот Живот – Животодателот. Саботата е денот кога, во почетокот, Бог, откако го завршил создавањето на светот и човекот, видел дека е сè добро и се успокоил, се одморил, отпочинал и овој ден станал ден на покојот. Исто така и Христос го завршил Своето богоспасително дело до Петокот попладне и во Саботата, успокоен, во божествен покој лежел во гробот, заспан во смртен сон. Велиме заспан, затоа што и Он така рече за умрената девојка која ја воскресна од мртвите, а на луѓето што плачеа им рече: „Девојката не е умрена, туку спие“ (Матеј 9, 24; Марко 5,39; Лука 8,52). 

Велика Сабота е крајот на празничноста на саботата, оттогаш престанува саботата да биде основниот празник, бидејќи потоа ќе се празнува неделата – денот на Воскресението и спасението, денот на христијанството и на новата ера, денот по Христа. Денес одбележуваме три вашни настани: упокоението и престојот на Христа во гробот, чувањето на гробот со стража и Христовото слегување во адот (пеколот) и отворање на рајот. Богослужбата е поврзана со содржините од Библијата. Најпрво, пред плаштаницата, се читаат текстови од пророкот Језекиил: пророштвото за воскресението од мртвите (Језек. 37,1-14), а по нив, Апостолот ни кажува за тоа дека треба да го отфрлиме стариот квас, „оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас“ – „Христос нè искупи од клетвата на Законот“ (1. Кор. 5,6-8; Гал. 3,13-14) и најпосле, Евангелието говори за запечатувањето на гробот и поставувањето стража (Матеј 27,62-66). На Литургијата, пак, се чита Евангелието за Христовото воскресение (Матеј 28,1-20) и богослужбено оттогаш започнува Воскресението.

Во Ерусалим, на Велика Сабота, во гробот Господов, катагодина се случува чудо: Бог го дава Светиот благодатен оган на Ерусалимскиот патријарх и преку него, на сите луѓе. Од гробот Христов, верниците го разнесуваат огнот до сите домови во Светата Земја, а поклониците (аџиите кои биле таму) го носат низ целиот свет. Цел свет се осветлува со светлината на Христовото воскресение и светлината на Христа – Сонцето на правдата и радоста. На трпезата строг пост. Велика Сабота е единствената сабота во годината, кога постот е строг и не се јаде зејтин. Но, за поткрепа на оние што се на целодневната молитва, допуштено е и вино.

Популарно