Најубавите цитита на Пауло Куељо за љубовта

Некој го сметаат за најголемиот писател на денешницата, а други за ловец на слава и пари, популаристички писател кој твори книги без никаква уметничка вредност, но сите ќе се сложат дека Пауло Куељо знае што е љубов

11 Минути

„Секое човечко битие ја живее својата сопствена желба: таа е дел од неговото лично богатство. И, иако емоциите се тие кои можат некого да отераат, обично го привлекуваат оној кој е сакан“

„Најсилна љубов е онаа која може да ја покаже својата ранливост“

„Научив дека чекањето е најтешката работа на светот и морам да се научам на тоа чувство, бидејќи знам дека си крај мене, иако веќе не сме заедно“

„Љубовта не се бара во другиот, туку во самите себе; таа е тука само треба да ја разбудиме. Но, за тоа ни треба друга личност. Универзумот единствено има смисла кога нашите чувства имаме со кого да ги споделиме.“

„Јас не сум тело со душа. Јас сум душа која има свој видлив дел - тело“

Алхемичарот

„Едноставните работи, се истовремено и оние кои се нај посебни, но само мудар човек може да го види тоа“

„Си одам – рече тој. И сакам да знаеш дека пак ќе се вратам. Бидејќи те сакам...“

„Maktub (Така било пишано)“

Крај реката Педра седев и плачев

„Љубовта е секогаш нова. Сеедно е дали сакаме само еднаш, два или десет пати во животот – секогаш сме пред ситуација која не ја познаваме. Љубовта може да не однесе во пеколот или во рајот, но секогаш не води некаде. Треба да ја прифатиме, бидејќи таа е храна на нашето постоење. Ако ја отфрлиме ќе умреме од глад, гледајќи ги натежнатите гранки ма стеблото од животот, без храброст да пружиме рака и да ги набереме плодовите. Треба да одиме по љубовта без разлика каде и да е, па и ако тоа значи часови, денови, недели разочарувања и тага. Бидејќи во оној час кога ќе тргнеме во нејзин пресрет и таа тргнува кон нас. И не спасува.“

Петта гора

„Толку многу патев за љубов, помисли тој. А еве сега кога љубовта ми е на дофат – нема сомнеж дека таа цело време беше тука и на беше потребно ништо да се прави, освен да не се бега од нејзе – а сега единствена мисла му е како да ја заборави што побрзо“

Почина актерот познат по улогите во „Титаник“ и „Господарот на прстените“

Актерот Бернард Хил, кој глумеше во филмовите „Титаник“ и „Господарот на прстените“, почина на 79-годишна возраст.

Хил го играше капетанот Едвард Смит во филмот награден со Оскар од 1997 година.

Друга истакната улога беше кралот Теоден во трилогијата „Господар на прстените“.

Неговата главна улога беше ликот на Џозер Хјуз во легендарната драмска серија од 1980-тите „Момци од црните работи“.

Неговиот агент Лу Коулсон потврди за Би-Би-Си дека Хил починал во раните утрински часови.

Видео: Мадона одржа концерт во Рио, пред 1,6 милиони луѓе

Американската пејачка Мадона (65) синоќа одржа бесплатен концерт во бразилскиот град Рио де Жанеиро, претворајќи ја прекрасната плажа Копакабана во огромен подиум за танцување, пишува „Асошиејтед прес“. Тоа беше последното шоу од нејзината концертна турнеја „The Celebration“, која започна во октомври минатата година, со концерт во Лондон, Велика Британија.

Таа го започна концертот со песната „Nothing Really Matters“ од 1998 година, а милионската публика ја поздрави со овации.

„Вечерва сме на најубавото место на светот. Ова место е магија“, изјави пејачката, гледајќи кон океанот, планините и статуата на Исус Христос во Рио.

Мадона ги изведе своите најголеми хитови, вклучувајќи ги „Like A Virgin“ и „Hung Up“. За воведот во „Like a Prayer“, нејзината глава беше целосно покриена со црна наметка, со бројаница во рацете.

Ѕвездата им оддаде емотивна почит на оние кои починаа од СИДА додека ја пееше „Live to Tell“, а зад неа беа прикажани црно-бели фотографии од луѓе кои умреле од болеста.

Подоцна, на сцената ѝ се придружија бразилските уметници Анита и Пабло Витар.

Рио де Жанеиро ги помина последните неколку дена подготвувајќи се за настапот.

Се проценува дека 1,6 милиони луѓе присуствувале на шоуто, објави „G1“, повикувајќи се на агенцијата за туризам на Градското собрание на Рио. Тоа е повеќе од 10 пати повеќе од рекордната посетеност на Мадона од 130.000 луѓе на парискиот Парк де Ско во 1987 година.

Шер објасни зошто се забавува со далеку помлади мажи: Изјавата ја опишуваат како бизарна

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38).

Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи.

– Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од жени како мене – изјави таа во една емисија.

Пејачката и раперот се запознале во септември 2022 година, а набрзо започнале врска. Тие раскинаа во мај 2023 година, но се смирија. Откако повторно почнале да излегуваат, пејачката кажала колку сето тоа било неочекувано.

– Им реков на пријателите, не се заљубувајте во помлади мажи, премногу сме стари. И не се заљубувајте преку пораки. Мојата теорија пропадна – изјави претходно таа за странските медиуми.

Популарно