Каније Вест тврди дека би било нефер ако ниту една номинација не му припадне на неговиот другар Френк Оушн, иако неговиот албум „Blonde Endless“е објавен многу доцна за да влезе во номинираните.
- Албумот на Френк Оушн најмногу го слушав оваа година, а ако не влезе ниту во една категорија на Grammy идната година, јас нема да се појавам на наградите, изјавил раперот за време на неговиот концерт.
Исто така, открил дека тој и Џеј Зи веќе не се во добри односи како што беа порано. Тие порано беа најдобри пријатели, кои во 2011 година објавија и заеднички албум „Watch the Throne“.
- Каков е тој пријател, кој никогаш не доаѓа кај мене? Нашите деца никогаш не си играат заедно. Не дојде да ме види ни мене ни жена ми по кражбата.
Можеби за нивната разделба виновни се Бијонсе и Ким, кои не се во добри односи.