Ова се одвратните педофилски пораки кои кумот на Стојанче Ангелов ги праќал на неговата ќерка!!!

zoranKrstevski2

Еве ги педофилските пораки кои 62-годишниот Зоран Крстевски ги праќал на малолетната 15 годишна ќерка на генералот Ангелов,а ги објави порталот Мактел:

poraka1

Тука педофилот направил мала пауза и објавил политички статус на фб:

status1

Потоа пак продолжил со пораките:

poraka2

Пак направил пауза и објавил политички статуси на фб:

status2

status3

Па пак продолжил со пораките кон малолетното девојче:

poraka4

poraka5

poraka7

Потоа педофилот пак објавил фб статус:

status4

Хронологијата на настаните била следна. Кумот почнал да става непристојни коментари на сликите на девојчето на фб. Тоа траело речиси три месеци по што тој бил одфрендан на фб. Потоа почнал да пишува пораки а во исто време и објавувал политички статуси на фб. Потоа тој бил предупреден да престане со пораките и тој престанал објави порталот Мактел.

Сега обвинетиот Крстевски не негиира дека вакви пораки се испратени од неговиот профил но тврди дека профилот му бил хакиран. Но тоа нема логика затоа што по предупредувањето до него пораките престанале а и цело време додека акаунтот наводно бил хакиран, тој постирал политички фб статуси кои се исповеднички и оригинални и неможе некој да ги измисли.

Коментар од Ангелов: Генералот не сака да даде никаков дополнителен коментар ниту да каже нешто повеќе од она што го објави синоќа на неговиот ФБ профил. Само кажа дека целата работа ја препушта на полицијата, обвинителството и судот во кои верува кога се работи за вакви случаи.

Според Мактел Ангелов е подготвен случајот институционално да го тера до крај, без разлика на потенцијалната политичка шета. Дури и по цена на целосно повлекување од политиката!!! Генералот додава дека е среќен човек со сопруга и четири деца и дека тие му се најважни во животот и за кои е спремен да направи се.

Нашиот коментар е дека за жива среќа случајов е откриен навреме. Педофилот ја искористил позицијата на кум и близок пријател на семејството со што девојчето му верувало и тој уживал авторитет кај нејзе. Заради тој склоп на околности сосема е веројатно дека доколку навреме не се откриел случајот, кумот ќе ја искористел таа позиција да дојде во близок контакт со девојчето на само и да ја силува и да и се закани да молчи потоа. Девојчето ќе носело трауми за цел живот. Сега е време надлежните институции да преземат мерки и овој педофил да се тргне подалеку од општеството на подолго време...

Пронајден маж кој бил бил киднапиран пред 26 години

Маж кој бил киднапиран пред 26 години, е пронајден жив и здрав во Алжир. 

Омар бин Омран е пронајден на место кое е оддалечено само неколку стотини метри од неговото семејство, а никогаш не повикал помош бидејќи бил убеден дека врз него биле фрлени магии.

Омран исчезна за време на децениската граѓанска војна во Алжир во 1998 година, што доведе неговото семејство да претпостави дека тој загинал во конфликтот меѓу владата на северноафриканската нација и разни исламистички бунтовнички групи.

Сега 45-годишниот беше пронајден меѓу стогови сено во штала на 12 мај – на 200 метри од домот на неговото семејство во градот Гилфа. Откритието дојде кога братот на киднаперот објави поплаки на социјалните мрежи наводно поради спор за наследување.

Извештаите велат дека објавата го поттикнало семејството на Омран да изврши рација во куќата на киднаперот. Наводниот виновник, 61-годишен вратар, кој работи во блискиот град Ел Гуедид, бил приведен кога се обидел да избега, соопшти алжирското Министерство за правда.

Министерството соопшти дека истрагата сѐ уште е во тек додавајќи дека жртвата добивала медицинска и психолошка помош по злосторството, кое го опиша како „гнасно“.

Алжирските медиуми објавија дека жртвата изјавила дека не можел да повика помош „поради магијата што му ја направил киднаперот“.

Снимките беа споделени на социјалните мрежи и емитувани на алжирските телевизиски мрежи од моментот кога тој беше пронајден во дупка во земјата, опишана од властите како штала, во домот на неговиот наводен киднапер.

Заматеното видео ја покажува светлината на батериските ламби што осветлуваат јамата опкружена со сено додека Омар срамежливо гледа нагоре, шокиран, со парчиња слама во неговата коса.

Потрагата по Омар беше почната во 1998 година кога тој исчезна на пат кон средното стручно училиште. Мајката на Омар почина во 2013 година, без да ја знае вистината за она што се случило со синот. Таа упати молби на телевизија за информации за неговото исчезнување, според алжирскиот весник L’Expression.

Чуда се случуваат на денот на Св.Василиј Острошки

Православната црква и верниците во недела го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец чии чудотворни дела се познати насекаде.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело.

Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмртил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодети.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој оној кој доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Многумина веруваат дека ако се заречат дека на овој ден ќе одат на Духовден во манастирот Острог, нивната болест или болеста на некој нивен близок ќе исчезне „како однесена со вода“. Ако одлучите да побарате помош од овој светец од утре мора да почнете со строг пост, кој ќе трае се додека на Духовден не одите на Острог и таму се причестите.

Доколку познавате личност која се подготвува за вакво патување, треба да и однесете масло, темјан и памук да ги однесе со себе и да ги стави таму да преноќат.

Често се случува ова да го прават и муслиманите и католиците, бидејќи на овие простори сите се уверени во големата чудотворна моќ на Свети Василиј, па се верува дека таму преноќат маслото, памукот и темјанот, се лечат сите болести.

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Утрово во Граѓанскиот суд во Скопје починал адвокат.

Трагичната вест на Фејбук ја соопшти адвокатот Јанаки Митровски кој бил сведок на немилиот настан.

„Бев сведок на исклучително непријатна ситуација. Чекајки судење на прв спрат во скопскиот граѓански суд во девет наутро, одеднаш се слушна силен тресок, и колега адвокат падна на земја пред мои очи. Притрчавме повеќе луѓе, го полија со вода но колегата помодре на ликот и не даваше значи на живот. Друг колега не можеше да му најде пулс. Викнаа брза помош која, секоја чест, дојде за шест минути, но за жал не успеаа да го реанимираат и човекот си почина на работното место. Лесна му земја.

Навистина сакам да алармирам, мимо сите гнусни стереотипи околу адвокатурата, дека се работи за исклучително стресна професија која секојдневно зема данок. Баталете ги предрасудите дека отвараш канцеларија и пари врнат, реалноста е дијаметрално спротивна и адвокатскиот леб е многу горчлив.

Воедно сакам и да апелирам на постарите колеги и колешки( починатиот колега имаше 68-70 години) дека нема потреба да се работи до смрт. Лично немам никаква намера да работам адвокатура после моите педесет и две-три години.

Премногу се вознемирив, и сеуште сум, вечна му слава на колегата и сочуство до семејството“, напиша на Фејсбук адвокатот Митровски.

Популарно