Путин го услови Ердоган: Ако го сакаш ракетниот систем С-400 откажи се од Голема Албанија

Рускиот претседател му соопштил на турскиот колега дека доколку не ги заузда Албанците, нема да му го продаде ракетниот систем со долг дострел, кој му е неопходен за одбрана на Анкара, пишува српски „Информер“.

Рускиот претседател Владимир Путин преку дипломатски канали му порача на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да се откаже од поддршката на проектот „голема Албанија“ ако сака да го добие ракетниот систем С-400, тврдат руските медиуми.

Тие наведуваат дека Путин тоа и лично му го кажал на Ердоган, на нивната вчерашна средба во Москва.

Условот на Путин за соработка со Турција е Ердоган да ги заузда Албанците на Балканот, пишуваат руските медиуми.

– Претседателот на Русија е загрижен поради најновите случувања во Македонија. Смета дека на албанските амбиции за проширување на државата мора да им се стави крај. Свесен е дека Ердоган, кој цело време ја поддржува „голема Албанија“, има големо влијание на Тирана, поради што од него ќе побара тоа да го искористи – навел извор од Кремљ за руските медиуми.

Тој додал дека Путин има многу силен адут во преговорите со Анкара.

– Турција нема ракетен систем со долг дострел. Поради тоа веќе со месеци преговара со Русија за купување на С-400. Останува само двете страни да се согласат за цената. Путин ќе го искористи ова во разговорот со Ердоган – вели изворот од Кремљ.

Според него, рускиот претседател го повикал Ердоган во Москва токму сега, поради агресијата на Албанците која во моментот ја гледа во Македонија.

– Путин нема намера да се откаже од поддршката на своите сојузници на Балканот, особено на Србија, која покрај Македонија, е исто така загрозена од албанскиот експанзионизам. Поради тоа руското Министерство за надворешни работи предупреди дека мешањето на надворешни сили во формирањето на владата во Скопје поприми ектремен облик. Меѓу тие странски сили не се само западните држави, туку и Турција – нагласи изворот.

Инаку, Ердоган во изминатите години во повеќе наврати изјавуваше дека турската војска ќе застане зад своите албански браќа, ако тоа е потребно.

– Албанскиот народ има право на самоодбрана и создавање на државата Голема Албанија. Војската Ослободувачката војска на Косово (ОВК) не е револуционерна терористичка организација, туку ја изразува желбата на Албанците да ја бранат својата земја. Турските сили се на готовс и чекаат знак да помогнат во ослободувањето на окупираните албански територии – е само една од изјавите на Ердоган.

Ердоган, исто така, се закануваше и дека ќе го расцепи целиот Балкан доколку правата на Албанците не бидат почитувани. Освен тоа, даде и поддршка за албанската марионета во Македонија, Зоран Заев, кој сака да направи албанска влада во Скопје, што е само вовед во поделбата на земјата и правење на „голема Албанија“, потенцира „Информер“

Од друга страна, Русија во Македонија го поддржува поранешниот премиер Никола Груевски, кој на изборите во декември доби најголем број на гласови. Кремљ смета дека победникот на изборите треба да направи влада и ја осудува таканаречената Тиранска платформа, напишана од албанскиот премиер Еди Рама, со намера Македонија да ја претвори во Албанија.

(Видео) Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“

На денешен ден пред една година настана трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.

На местото на трагедијата пристигнуваат се повеќе луѓе за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца, а глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа“, рече Вучиќ.

На 3 мај минатата година Коста дошол вооружен во училиштето и од влезната врата го започнал својот крвав поход, во кој животот го загубија девет деца и чуварот.

Откако го извршил масакрот повикал полиција и пријавил што направил.

Веднаш по трагедијата се одржа вонредна конференција на српското Министерство за внатрешни работи, на која беа соопштени деталите за она што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Повикот дојде во 8 часот и 42 минути наутро, две минути по пријавувањето на случајот во полиција од страна на заменик директорот на ова училиште“, изјави началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

На таа конференција Милиќ изјави и дека К.К. еден месец го планирал злосторството. Тој го покажа и списокот што полицијата го пронашла во станот на момчето убиец, на кој биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Дополнително, како што тогаш беше кажано од највисоките функционери на српската полиција, К.К. имал и прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Поради делото, Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ во меѓувреме е покренато обвинение, со оглед на тоа што момчето-убиец во моментот на делото имало 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека обвинетиот Владимир Кецмановиќ во периодот пред трагедијата го научил својот син да пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, да стои и да дише кога користи огнено оружје.

Против семејството Кецмановиќ се водат три граѓански постапки, а поднесени се вкупно пет тужби, меѓу кои и една кривична.


Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Популарно