Се обиделе да постават двојазична табла во Охрид - добиле ќотек

Поставувањето на двојазичната табла на влезот во објектот каде што се канцелариите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Охрид, предизвика тепачка меѓу поединци.

Утрово службите од ПИОМ се обиделе да постават двојазична табла, но тоа предизвикало револт кај неколкумина поединци кои ја искршиле таблата при што дошло и до физичка пресметка.

СВР Охрид врши увид на местото на инцидентот.

Детали за тешката сообраќајка на „Водњанска“ - повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

Од МВР денеска излегоа со подетални информации за сообраќајката во која учествувале четири автомобили, од кои два биле паркирани.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.М.(45) од Скопје, автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.Р.(40) од Скопје, и две паркирани патнички возила „голф“ и „мерцедес“, двете со скопски регистарски ознаки, велат за Курир од МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Голема трагедија: Почина бебе во охридската болница

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе

Трагедија во Охрид почина деветмесечно машко бебе.Во текот на вчерашниот ден во раните утрински часови  било донесено во Итната медицинска помош во бесознание но веднаш потоа било препратено во оделението за анестезиологија во општата болница во Охрид за докторите да пробаат негова реанимација но и покрај нивните обиди не успеале бебето да го вратат во живот.Настанот го потврди оортпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Полицијата работи на расветлување на случајот ,извршен е увид а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.Докторите не откриваат кои се причините за смртта на новороденчето се чека да заврши обдукцијата .

Расчистено двојното убиство во Стајковци

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.К.(66) од скопското село Стајковци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.

Како што информира денеска МВР, Љ.К. се сомничи дека на 14 мај 2024 во домот во село Стајковци со метален предмет ги нападнал неговиот брат В.К.(64) и неговата снаа С.К.(57), кои од здобиените повреди починале на местото. 

Лицето било изведено пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена. 

Популарно