СИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА СОСТАНОК: Намалување на загадувањето во Скопје

Ве повикувам сите заедно да работиме на решавање на овој предизвик. Ги повикувам сите градоначалници и ние како Град Скопје и централната власт да се ангажираме и да се вклучиме за заштита на амбиенталниот воздух и на загадувањето во градот Скопје, истакна Коце Трајановски.

Проширување на топловодната мрежа, субвенциии за печките за пелети и предлог за забрана за користење на јагленот и други цврсти горива се темите за кои денеска разговараат градоначалниците на скопскиот плански регион за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.

Состанокот го организира градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и на него се поканети сите градоначалници од Скопскиот плански регион.

- Ве повикувам сите заедно да работиме на решавање на овој предизвик. Ги повикувам сите градоначалници и ние како Град Скопје и централната власт да се ангажираме и да се вклучиме за заштита на амбиенталниот воздух и на загадувањето во градот Скопје, истакна Трајановски.

Според него проширувањето на топловодната мрежа во општините на градот Скопје како и неговото субвенционирање од страна на општините ќе придонесе за намалување на загадениот воздух.

Разговарано било и за тоа сите станови да бидат вклучени на топификациската мрежа и дека ќе упатат апел до БЕГ и ЕЛЕМ Енергетика за да размислат да ја намалат цената за парно греење.

Од Градот предложиле и останатите општини да го следат примерот на Општина Центар да ги субвенцираат граѓаните за купување на велосипеди и да изградат велосипедски патеки. На сотанокот разговарале и за гасификација на Град Скопје, за која градоначалникот рече дека се надева со формирање на владата да се објави новиот тендер.

Градоначалникот информираше дека ќе ги зголемат контролите кај фирмите кај кои издале Б интегрирани дозволи, но и дека контроли ќе има и кај компаниите со А интегрираните дозволи.

Конкретни мерки според градоначалникот Трајановски ќе бидат донесени по состанокот.

На новинарско прашање зошто Градот не воведе пар-непар за возилата градоначалникот рече дека тоа не е во нивна надлежност и дека тоа треба да го спроведат министрствата за животна средина, здравство и за внатрешни работи.

Град Скопје од завчера почна со третирање на градските сообраќајници со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух, а градоначалникот Трајановски посочи дека и општина Чаир побарала третирање на улиците на нејзината територија.

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

Популарно