Денеска е петок, 6 мај 2016 година, 127-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 239 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 24 минути, а ќе зајде во 19 часот и 37 минути.
Денов трае 14 часа и 13 минути.
Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 5 часот и 21 минута, а ќе зајде во 19 часот и 15 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне со локален краткотраен дожд и со можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе достигне до седум, а дневната до 22 степени.
Во наредните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има зголемување на облачноста, со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во сабота кога нестабилноста ќе биде поизразена. Температурата на воздухот ќе биде во постепено покачување.