ВИДЕО: Од утре бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје се до намалување на загаденоста во воздухот

На денешната прес-конференција градоначалникот Коце Трајановски соопшти дека градот Скопје од утре воведува бесплатен јавен превоз во сите автобуси на ЈСП Скопје и кај приватните превозници за сите граѓани на територија на Скопје се до моментот на намалување на аерозагадувањето.

Превозот ќе биде бесплатен се додека нивото на аерозагадувањето не се намали до дозволеното ниво.

Ова е само една од мерките кои градот Скопје ќе ги преземе поради рекордното ниво на загаденост на воздухот.

На прес конференцијата градоначалникот ја информираше јавноста дека градот Скопје ги донел следниве мерки и препораки кои стапуваат во сила веднаш:

1. Воведуваме бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје, и во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. Ги повикувам сите градоначалници од скопскиот плански регион да помогнат во субвенцонирањето на јавниот транспорт за полесно да ја поднесеме новонастанатата ситуација.

2. Градот Скопје ја интензивира контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

3. Го задолжувам ЈП „Комунална хигиена“ да продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и им препорачувам на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.

4. Доколку дозволат временските услови, Градот Скопје ќе продолжи да ги прска градските улици со средството калциум магнезиум ацетат.

5. Во согласност со сегашните прописи во градот не може да се воведе пар-непар, но затоа апелирам до надлежните министерства – за животна средина и просторно планирање, за внатрешни работи и за здравство да предложат измени во законот за да може да се спровеува оваа мерка.

6. Апелирам до вработените во Град Скопје на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.

7. Службените возила на Градот Скопје ќе се користат исклучиво за потребите на градскиот инспекторат.

8. Градот Скопје и јавните градски претпријатија ги ослободуваат од работа лицата над 60 годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени.

9. Градот Скопје изминатите денови вршеше интензивен инспекциски надзор на инсталациите што се во негова надлежност и притоа изврши контрола на 36 инсталации, со мерење на емисијата на ПМ 10. Притоа, е утврдено дека ниту една инсталација во наша надлежност не ги надминува граничните вредности.

10. Во врска со шпекулациите што се појавија во јавноста дека топланите загадуваат во Градот Скопје, ја информирам јавноста дека инспекцискиот надзор спроведен викендов во сите топлани, а тоа се Топлификација АД – Топлана Скопје Север, Балкан Енерџи Груп, АД ЕЛЕМ Енергетика, Топланата на Клиничкиот центар и Топланата на Болницата „8.Септември“ покажа дека сите посочени топлани работат исклучиво на гас, што значи дека не загадуваат и не поседуваат никаква залиха на мазут или нафта.

11. Комуналните инспектори на Град Скопје во изминатиов период направија 1.000 контроли и изрекоа 12 казни на компании заради непочитување на одредбите на Одлуката за комунален ред во Скопје.

12. Го повикувам Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции. Притоа, сакам да нагласам дека Инспекцијата на Град Скопје ќе продолжи со засилени вонредни ноќни дежурства и контроли на инсталациите што се во наша надлежност.

13. Барам од Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Градот Скопје и кои се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.

Овие мерки и препораки ќе важат ќе важат се до надминување на настанатата ситуација со загадувањето на воздухот, односно до намалување на загадувањето под прагот на алармирање.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Популарно