ВНИМАВАЈТЕ: Од 1ви Јануари проработуваат камерите на семафорите во Скопје

Камерите кои бе поставени на семафорите низ Скопје од први Јануари ќе почнат со работа. Проектот за кој многу се зборуваше ќе има две функции. Едната ќе биде превентивна, а другата истражна, од аспект на документирање сообраќајни прекршоци и кривични дела. Не ретко досега се случуваше да има контрадикторни информации што во голема мера ја забавуваа истрагата. Камерите позитивно ќе влијаат и на возачите и на пешаците повеќе да внимаваат на своето движење.

Soobrakajni-kameri

Скопските возачи први ќе бидат под будното око на објективите што ќе ги бележат и ќе ги пишуваат сите прекршоци и ќе се „закануваат“ со парична казни и со казнени поени и привремено или трајно одземање на возачката дозвола.

Чувството дека „некој те гледа“ и казните преку пошта од 100, 200 или 300 евра ќе направат секој возач да биде повнимателен – вели еден приватен стопанственик од Скопје.

Камерите ќе ја подобрат дисциплината на возачите, сметаат таксистите. Кога ќе знаеме дека се снима, сигурен сум дека секој возач ќе си биде полицаец сам себеси и дека нема да му треба таков луксуз да поминува на црвено и да запира каде што ќе му падне на памет – вели еден претседател на групација на автотакси-превозници на градот Скопје.

На фотографијата што ќе ја снимат камерите јасно ќе се гледаат локацијата, времето и регистрацијата на автомобилот. Фотографијата ќе се испраќа во командниот центар на МВР, кој ќе биде поврзан со сите камери во градот.

Заедно со видеозаписот и со фотографијата полицијата прави записник за казна за сторениот прекршок и му го испраќа на домашна адреса на сопственикот на возилото.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Популарно