Сигурно и вие некогаш сте се запрашале зошто кутриот којот никако не успева да ја фати брзата птица итрица? Чак Џонс, авторот на мегапопуларниот цртан филм напишал 9 златни правила според кои режисерот Амос Поснер морал да се води. Поснер неодамна на својот Твитер профил ги објави овие правила, па сега обожавателите може да разберат зошто напатениот и измачен којот никогаш не успеал, а нема ни да успее, да ја фати неговата жртва.
1. Брзата птица итрица на никој начин не смее да го вознемирува којотот овен со „бип-бип“.
2. Ниедна друга надворешна сила не може да му наштети на којотот, освен стапиците кои си ги прави сам со производите на Acme Corporation, фиктивна компанија за неквалитетни производи.
3. Којотот може да застане во кое било време, да не би бил фанатик, кој кога нешто не му успева двојно повеќе се труди.
4. Нема никаков дијалог помеѓу којотот и брзата птица, освен „бип-бип“.
5. Брзата птица мора да остане на патот.
6. Сите акции мора да соодветствуваат со природната околина на двата карактери во југозападната американска пустина.
7. Сите материјали, алати, оружје или механика мора да бидат од Acme Corporation.
8. Секогаш кога има можност, гравитацијата нека биде најголем непријател на којотот.
9. Којотот секогаш е повеќе понижен, отколку повреден од своите стапици.