Зошто којотот никогаш не ја фати брзата птица итрица?

Сигурно и вие некогаш сте се запрашале зошто кутриот којот никако не успева да ја фати брзата птица итрица? Чак Џонс, авторот на мегапопуларниот цртан филм напишал 9 златни правила според кои режисерот Амос Поснер морал да се води. Поснер неодамна на својот Твитер профил ги објави овие правила, па сега обожавателите може да разберат зошто напатениот и измачен којот никогаш не успеал, а нема ни да успее, да ја фати неговата жртва.

wille-road-runner-1

1. Брзата птица итрица на никој начин не смее да го вознемирува којотот овен со „бип-бип“.

2. Ниедна друга надворешна сила не може да му наштети на којотот, освен стапиците кои си ги прави сам со производите на Acme Corporation, фиктивна компанија за неквалитетни производи.

3. Којотот може да застане во кое било време, да не би бил фанатик, кој кога нешто не му успева двојно повеќе се труди.

4. Нема никаков дијалог помеѓу којотот и брзата птица, освен „бип-бип“.

5. Брзата птица мора да остане на патот.

6. Сите акции мора да соодветствуваат со природната околина на двата карактери во југозападната американска пустина.

7. Сите материјали, алати, оружје или механика мора да бидат од Acme Corporation.

8. Секогаш кога има можност, гравитацијата нека биде најголем непријател на којотот.

9. Којотот секогаш е повеќе понижен, отколку повреден од своите стапици.

(Фото) Деми Роуз во провокативно издание позираше среде шума

Деми Роуз ужива да ги покажува своите облини, па често објавува фотографии на кои е целосно гола.

Така и овојпат таа позираше легната среде шума, а бујните гради ги покри само со книга, а потоа се исправи па направи уште една фотографија покриена само со ќебе.

Коментари и лајкови само се редеа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Rose (@demirose)

(Фото) Македонската пејачка покажа какви гаќички носи под црните хеланки

Уште една наша пејачка беше на море, во Хрватска. Девана Нардели покажа што е тоа „полутоплес“.

Или поточно тие што биле со неа на плажа, виделе топлес во живо, а сите други, само полутоплес на исечената фотографија.

Ама затоа сите кај Девана видоа нешто друго, и тоа на облечено. Какви гаќички носи под црните проѕирни хеланки, без хеланките да ги соблече!

(Фото) Популарната турска актерка излезе непрепознатлива

Нургул Јесилчај направи радикална промена со својот изглед, Една од најголемите sвезди на турската кинематографија, препознатлива по улогите во сериите, ја промени бојата на косата и стана русокоса.

Пред една недела, 45-годишната актерка беше забележана од папараците на излегување од фризерски салон во истанбулската област Бебек. Откако помина повеќе од 6 часа во него, Нургул излезе непрепознатлива и поинаква.

Во меѓувреме, се дозна дека Нургул Јесилкај ја смени бојата на косата за нејзиното претстојно учество во нов проект. Сепак, таа не даде детали за новата серија.

Инаку моментално, актерката од “Љубов и казна”, “Бунтовничка”, “Парампарче”, “Ѓулпери”, “Конакот на агата” и “Султана” е актуелна по главната улога во потресната драма “Надеж”

Популарно