Женски грешки во сексот кои ниеден маж нема да ги прости!

Секој од нас прави грешки во креветот. Некои од неискуство, од брзање, обид за нешто ново.... но овие женски грешки нема да му се допаднат на ниту еден маж, па ретки се оние кои по нив ќе ви дадат втора шанса.

10-most-common-sex-mistakes-refusing-to-kiss-after-oral_0

Разговарате за физиолошки теми – Во текот на сексот добивате посебна инспирација да зборувате, а темите ви се во главно физиолошки? За мажите нема ништо полошо. Се знае за што треба да се зборува кога се има акција во креветот, во предвид доаѓаат само темите кои можат да ги возбудат.

Ќутите и трпите – Не ви се допаѓа како партнерот ве допира, но не сакате ништо да кажете и очекувате тој да ви ги прочита мислите? Тој знае кога тоа се случува и се чувствува лошо! Прозборете и кажете му што сакате, тоа ќе му се допадне.

Глумите порно девојка – Мислите дека морате да се однесувате како актерките од порно филмовите? Размислете уште еднаш. Мажите сакаат кога жените уживаат, но премногу викање не делува ни малку уверливо. Престанете да глумите.

Се гадите од орален секс – Оралниот секс ви се гади? На мажите им се гади од таквото размислуваење! Тие не можат да поверуваат дека сеуште постојат жени кои во 21. век мислат дека оралниот секс е перверзија. Тие на оралниот секс гледаат како на можност жената да го задоволи мажот, а мажот жената. Размислете малку за тоа…

Молење – Сакате кога тој ве моли? Е, мажите тоа го мразат. Особено не сакаат кога мораат да ве молат за секс. Тоа е сигурна карта да го побараат на друго место. Покажете му дека го посакувате, немојте да очекувате дека тој секогаш ќе покажува иницијатива.

Коментари

Популарно