ФОТО: Добра вест за ,,Југо,, носталгичарите!

Автомобилот кој во минатото можеше да се види на секој чекор по улиците во Скопје и беше најупотребуванот градски автомобил може да добие ново современо издание. Младиот дизајнер Милош Приповиќ претстави Југо за модерно време – ЗУГО.

jugo-1-500

Некои дизајнерски концепти се осмислени со цел да се сфатат сериозно, додека некои други и не толку. За следниот проект не можеме со сигурност да речеме во која категорија спаѓа, меѓутоа во секој случај е занимливо за сите нас бидејќи станува збор за легендарното Југо.

jugo-2-500

Милош Приповиќ, кој стекнал магистарска диплома на студии за применети уметности во Виена, дизајнираше Зуго како нискобуџетен, потполно електричен мал градски автомобил и иститo го презентираше на најголемата конференција за дизајн на автомобили во Европа.

jugo-3-500

Во текот на конференцијата се одржа натпреварување на тема „Дизајн на нов тип на автомобил за држави во транзиција„, а иако не победи, Приповиќ е задоволен со петото место за своето духовито гледање на оваа тема.

jugo-500

-Зуго беше мојата влезница на најголемата конференција за дизајн на автомобили во Европа која се одржа во Загреб, вели дизајнерот.

Погледнете ја неговата замисла за Југо на модерното време

Коментари

Популарно