Скопски полицаец прегазен додека бил на должност!!!

Вечерта после полноќ, околу 00:20 часот во Скопје кај црквата „Св.Ѓорѓија“ бил повреден полициски службеник откако бил прегазен од патничко моторно возило.

policija-soobrakaec

Со возило „хонда сивик“ со скопски регистерски ознаки управувал од 26-годишниот Т.Б., чиј совозач бил Е.П.(26), и двјцата од Скопје.

Т.Б. не застанувајќи на даден знак, го прегазил униформираниот полициски службеник, при што тој се здобил со телесни повреди во пределот на левото стопало . Лицата се приведени во ПС-Кисела Вода.

Коментари

Популарно