Заев:СДСМ бара да се одржат нови избори!

СДСМ и здружената опозиција не го признаваат изборниот процес ниту за парламентарни избори ниту за претседател на државата. Власта со Груевски покажа дека нема елементарна волја да спроведе демократски избори, рече лидерот на партијата Зоран Заев, најавувајќи дека партијата ќе бара нови избори, спроведени од техничка влада.

Според Заев, ВМРО-ДПМНЕ денеска го злоуптребила системот за партиски потреби.

zaev

-Бевме сведоци на поткуп на гласови и бројни нерегуларности, рече попладнево Заев. Полицијата, како што рече, беше ставена во функција на власта и во неколку општини специјалните единици на МВР ги чуваа изборите.

СДСМ обвинува дека избирачките места денеска биле преплавени со граѓани од Пустец.

-Исти луѓе гласа и во Тирана и во Македонија, обвини Заев на денешната прес-конференција одржана по затворањето на избирачките места.

Заев најави дека СДСМ утре ќе одлучува што понатаму.

-Сите варијанти се во игра. Утре ќе донесеме одлука што понатаму, рече Заев.

Коментари

Популарно