Србија го враќа работното време од 7.30 до15.30 часот

Празнично, за Први Мај, новата српска Влада ја донесе првата одлука во новиот мандат со која јавната администрација, владините служби, министерствата и јавните агенции ќе работат од 7 часот и 30 минути до 15 часот и 30 минути.

safe_image

Освен ова, Владата донела одлука дека во иднина право на постојано користење на службено возило од висока класа имаатсамо претседателот на Србија, претседателот на Парламентот, претседателот и потпретседателите на Влада, претседателот на Уставниот суд и претседателот на Врховниот касационен суд на Србија.

Пропишан е и начинот на кој можат да се користат службените возила, со цел да се постигнат максимални заштеди и да се обезбеди ефикасност во работата.

Српската Влада донела заклучок и да го прогласи проектот „Белград на вода“ за проект од посебно значење за Србија.

На ваквите одлуки реагираше Здружениот синдикат Слога, кој изрази протест затоа што Владата одлучила да заседава на неработен ден и притоа да носи такви важни одлуки како што е онаа за промена на работното време.

Коментари

Популарно