Ужас во Босна: Фрлил бомба на дискотека, повредени 32 лица

Во експлозија на бомба во дискотека во градот Велика Кладуша во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, најмалку 32 лица се повредени во текот на минатата ноќ јави Танјуг.

bomba-kasikara

Според полицијата на Унско-санскиот Кантон, лице, кое е меѓу ранетите, во 3:30 часот фрлило експлозивна направа во дискотеката „Екс“ во Велика Кладуша.

Во полициското соопштение се посочува дека при експлозијата нема загинати и дека сите ранети лица се пренесени во болницата во Бихаќ. Еден од ранетите се наоѓа во критична состојба.

Мотивите за предизвикувањето на експлозијата засега не се познати. Сторителот на ова дело и порано извршувал разбојништва, а неодамна бил пуштен од затвор.

Коментари

Популарно