Во БиХ на планината Влашиќ регистрирани над 80 сантиметри снег

На планината Влашиќ во Сараево од синоќа не престанува да паѓа снег, а висината на снежниот покривач веќе изнесува над 80 сантиметри.

vlasic-sneg

Снегот предизвика проблеми со електричната енергија, поради што хотелите и останатите објекти со помош на агрегати добиваат струја, а сопствениците на куќите сами се снаоѓаат за чистење на приодите.

Дополнителен проблем се и нечистите патишта, бидејќи сета механизација е префрлена во поплавените подрачја.

Коментари

Популарно