Еве каква беше поплавата во Скопје – 1962 година!

Скопје се сеќава на поплавата… ноември 1962 година кога градот го зафати поплава. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.

Screenshot_59

На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1 070 негови граѓани, беа повредени над 4 000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20 000 граѓани оставени без покрив над главата.

Светот помагаше на Скопје. Скопје денеска помага на Србија, на Босна, на Република Српска… Некогаш поплавениот плоштад во Скопје од излевањето на Вардар, денеска е поплавен од хумани луѓе кои донираа за настраданите…

Screenshot_68

Коментари

Популарно