Украина жали за 49-те загинати војници!!!

Во Украина денеска е Ден на жалост поради загинувањето на 49 украински војници од воен авион-транспортер кој проруски сили го соборија вчера во близина на Лугањск.

poroshenko

Украинскиот претседател Петро Порошенко побара свикување на Советот за национална безбедност и одбрана по повод најновиот развој на настаните на исток во државата.

Порошенко вчера побара „адекватен одговор“ по повод нападот на проруските сили и инцидентот кај Лугањск.

– Сите вмешани во акт на тероризам од такви размери мора да бидат казнети, изјави Порошенко и нагласи дека на Украина и е потребен мир.

Од друга страна, Москва смета дека САД би требало да го употребат своето влијание врз Киев за да се запре насилството и нагласуваат дека решение е можно само по пат на директни контакти со претставници од југоисток во Украина.

Коментари

Популарно