Дознајте кои ѕвезди ќе не забавуваат на Пиво фест - Прилеп

Најпознатиот балкански Фестивал на пивото “Пиво фест” гоидинава по дванаесети пат ќе се одржи во градот под Марковите кули – Прилеп. Многу музика, скара, пиво, забава, дружење и сето тоа во четири вечери кои организаторите и оваа година се потрудија да биде незаборавна и секако уште долго да зборува за истата.

images (3)

Ве информираме дека оваа година на сцената на дванесетиот Фестивал на пивото ќе настапат: Ана Николиќ, Јелена Розга, Данијел Кајмакоски, Жељко Самарџиќ, Тони Цетински, “Хладно Пиво”, Владо Јаневски, Емина Јаховиќ Сандал, Игор Џамбазов… и уште многу други познати македонски и балкански музички ѕвезди. Оваа година ”Пиво фест” ќе се одржи од 17-ти до 20-ти јули, како и секоја година досега, на Градскиот плоштад во Прилеп “Марко Цепенков” пред Комерцијалната Банка. Доколку сакате одлична забава, музика, скара, пиво, дружење… тогаш вистинското место е токму Прилеп.

Untitled

Коментари

Популарно