Руски сепаратист призна дека го срушил авионот: Ве предупредивме да не летате на нашето небо

Еден од лидерите на проруските бунтовнци во Донбас потврдил декла тие стојат зад нападот после кој е срушен малезискиот авион. Игор Стрелков- тоа му е воено име, додека вистинксиот идентитет му е Игор Гиркен изјавил: „Ве предупредивме да не летате на нашето небо“, стои на вебстраницата која ја користат сепаратистите, но изјавата брзо после тоа е отстранета.

авион-2

Стрелков, оценуваат западните медиуми, мислел дека е срушен уште еден украински транспортен воен авион. Кога сфатил дека станува збор за патнички авион, веднаш побарал изјавата да се тргне. Тој е инаку „министер за одбрана “ на сепаратистичката, непризнаена Доњецка народна република.

Screenshot-2014-07-17-at-10.05.11-AM

Стрелков/Гиркен е едно од најпознатите лица на проруските востаници, а украинските извори тврдат дека е ветеран на руската војна информативна агенција. Американста телевизиска мрежа ЦБС успеала да ја симне неговата изјава од веб страната.

Коментари

Популарно