25 - годишен македонски иселеник исчезна во Австралија

Македонецот Давид Јосифовски од Перт, Австралија веќе една недела се води како исчезат. Во Канцеларијата за исчезнати лица на Австралија од 11 јули е пријавено дека семејството нема никаква информација за тоа каде би можел да биде.

2fdc78ba79f5e842840d0261f32c8fa3

Тој утрото на 11 јули, околу 6.30 часот, бил оставен на аеродромот во Перт, но не се качил на ниту еден авион и оттогаш нема никаква информација за него. Давид има 25 години, а Канцеларијата за исчезнати лица во Австралија соопштува дека е препознатлив по тетоважата на раката и огркмната тетоважа со македонско сонце и крст на целиот грб.. Тој не ја напуштил државата а негово присуство не било пријавено во ниту една болница. Неговото семејство повикува на помош. Неговата сестра изјавила дека тој неколку месеци работел во Билоела и кога имал слободни денови често патувал во Гледстон

Коментари

Популарно