И Македонија е под жолта фаза - Циклонот Клара ќе беснее и кај нас!

Циклонот Клара кој минатиот период беснееше над западна Европа од утре доаѓа во средиштето на стариот континент и средното Средоземје.

07A48838B83615418F17C3836FDE3A40

Според предвидувањата на метеоролозите, оваа појава треба да донесе наоблачување, поинтензивни врнежи од дожд и намалување на температурите. 
За во Македонија, метеоролозите уште за вечерва најавуваат зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд.
Во вторник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 12°Ц до 23°Ц, а дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 23°Ц до 33°Ц. УВ индекс 4. За во вторник и
Европската метеоролошка станица издаде метеоаларм во кој цела Македонија е ставена во жолта алертна фаза.
Врнежи од дожд се очекуваат се до крајот на неделата.

Коментари

Популарно