Пиел чај од филџан вреден 36 милиони долари, корисниците на Интернет згрозени

Лиу Јикиан, кинески бизнисмен неодамна купи мал процелански филџан, насликан со помош на пердув за дури 36,3 милиони долари, јави „Хафингтон Пост“.

Untitled

Проблемите почнаа кога Лиу отиде во аукциската куќа „Sothby's“ за да го плати вредниот филџан, кој е дел од богатството на династијата Минг и притоа одлучил веднаш од него да се напие чај.

Очекуваше дека неговата мала прослава ќе остане приватна, но неговата фотографија во кус рок стана вирална и предизвика бес кај многумина, правејќи од Лиу најнов симбол на претерување во Кина.

Голем број критичари се нафрлија на ексцентричниот милионер и го почастија со коментарите како: - Мислиш ли дека ќе станеш бесмртен откако ќе пиеш од тој филџан, или - Се надевам дека твојата суета сега е задоволна. - Цивилизирани луѓе вака никогаш не би се однесувале со национално богатство, тврдат интернет корисниците.

Богатството на Лиу се проценува на 921 милиони долари и е 200-тиот најбогат човек во Кина.

Тој тврди дека со ваквата постапка не сака да го демонстрира своето богатство, туку само сакал да види какво е чувството да се пие од тој филџан.

Коментари

Популарно