Смрдливи холивудски ѕвезди!

Имаат милиони и светска слава, на сите фотографии изгледаат беспрекорно, но дел од нив не водат сметка за личната хигиена.

johnny_depp-470279

Еден од најплатените холивудски актери Џони Деп, заработува милиони, но целосно се запоставува. Некогаш не се бања со денови и смрди, па оттаму не е чудно што ја доби улогата на пиратот Џек во Пиратите од Карибите.

Деп верува дека неговиот природен мирис кој настанува од небањањето предизвикува повеќе од било кој парфем. Во право е.

Метју Меконахи е сексапилен актер за кој воздивнуваат милиони жени ширум светот, но признал дека не употребува дезодоранс. Тој смета дека тие го камуфлираат природниот мажествен мирис.

matthew-mcconaughey-2-0

Меган Фокс која повеќепати е прогласувана за најсекси жена на светот, толку е неуредна што заборава да пушти вода кога оди во тоалет. Работите ги остаа насекаде низ домот и прилично е неуредна.

mkd-133229

Убавецот Бред Пит, кој ја освои Анџелина Џоли, нема многу време за бањање, па со денови шири лоша миризба. Некогаш се случува и за време на снимање луѓето да полудат од неговата смрдеа.

mkd-52936

И актерот Роберт Патинсон, ако нема снимање или некое јавно појавување, воопшто не води грижа за личната хигиена. Со денови се шета во истата гардероба, а понекогаш и самиот на себе си смрди. Се чешла само кога оди на снимање.

robertpattinson-773127

Коментари

Популарно