Следува ладен Август, па горештини до Ноември!

Меторолозите велат дека вакво лето во Македонија не сме имале од 1953 година. Во тој стил ќе продолжи и следниот месец, па наместо пеколни темпреатури како последниве неколку години, ќе имаме дождови и температури до 30 тиот степен. Но, затоа не очекува топла есен!

1

- По 15 години на мирување, човештвото ќе се соочи со температурен пекол! – Предупредуваат научниците од Универзитетот МекГил во најновото истражување за глобалното затоплување.

Тие тврдат дека од 1998-ма до 2013-та година растот на глобалната температура бил во стагнација, што е природна појава и трае во интервали од околу 15 години, и не може да се препише на намалувањето на емисиите на стакленички гасови како што до сега се мислеше, пренесува Nature World News.

Од 1998-ма година глобалната температура се намалила од 0.27 до 0.37 степени Целзиусови, објавуваат истражувачите од МекГил.

- Сепак, наредната година не очекува неверојатна топлина со порастот на емисиите на стакленички гасови, кои до сега не го покажаа својот целосен деструктивен потенцијал – изјави еден од авторите на Shaun Lovejoy.

Од 1992-ра до 1998-ма година глобалната температура растела со огромна брзина, а потоа се запрела на одредено ниво. Сега започна нова ера на промени, тврди овој почитуван научник.

Последната таква пауза била помеѓу 1944-та и 1976-та година и тоа природното ладење привремено го покрило трендот на затоплување кој сега се очекува во полн замав. Овој модел е во согласност со повторувањата кои се забележани изминатите 20-50 години за кои научниците откриле докази во ледените седиментални езера.

Многу метеоролози тврдат дека изминатите 30 години не паметат вака необично лето.

Месеци пред летната сезона и зимската и пролетната ќе биде натпросечно топло, а ваквите временски промени доведуваат до “метеоекстреми”. Некои метеоролози тврдат дека сезоната на пливање ќе потрае до ноември

Коментари

Популарно