Ќерката на Путин непожелна во Холандија

Холандската фрустрација со Русија околу несреќата на малезискиот авион MХ17 доведе до лична забелешка, откако некои повикаа ќерката на Владимир Путин да биде депортирана од Холандија, пишува Гардијан. Питер Броетјерс, градоначалникот на градот Хилверсум, искористи едно радио интервју во средата наутро да повика 29-годишната Марија Путин, за која се знае дека дека живее во Ворхотен со холандско момче, да биде исфрлена надвор од земјата.

94084_big

Повеќе од половина од 298 луѓе кои загинаа кога авион на Малезија ерлајнс се урна во источна Украина минатата недела, беа Холанѓани. Броетјерс подоцна се извини за своите забелешки преку Твитер, велејќи дека тие се "не многу мудри", но додаде дека "тие произлегуваат од чувството на беспомошност кои многу ќе го препознаат". Украинците кои живеат во Холандија, исто така, повикаa на мирен протест пред станот на ќерката на Путин, според весникот De Telegraaf , кој објави фотографија на станбен комплекс каде Марија живee. Многу малку се знае за двете ќерки на рускиот претседател, Марија и Екатерина, кои се целосно заштитени од вниманието на медиумите и никогаш не биле официјално фотографирани како возрасни. Но, има постојаните гласини за поврзување на Марија со холандскиот државјанин Јорит Фаасен. Холандските медиуми тврдеа дека Путин им бил во посета неколку пати минатата година, нешто што неговиот портпарол го негираше.

Коментари

Популарно