Заборавете на предиграта: Од што навистина зависи женскиот оргазам?

Истражувачите од Лабораторијата за истражување на човековата сексуалност на Универзитетот во Отава интервјуирале неколку жени кои имале проблеми да постигнат оргазам со партнерот како и неколку од оние кои постојано доживувале оргазам за време на секс со партнерот. Но ниту една од овие две групи немала проблем да постигне оргазам за време на мастурбација.

sex3

Оние кои имале проблем да постигнат оргазам со својот партнер имале многу помалку еротски мисли, еротска конверзација и флерт и помалку се фокусирале на своето тело за време на односот, отколку оние кои редовно постигнувале оргазам.

"Не очекувавме дека влијанието на еротските мисли при самиот сексуален чин е толку моќен", изјавил професорот по сексологија Паскал де Стејт од Универзитетот во Лувен, Белгија.

Исто така, делува како младите дами да имаат многу повеќе потешкотии да постигнат оргазам отколку постарите. Резултатите објавени во јунското издание на списанието "Sexologies" се особено занимливи бидејќи би можеле да им помогнат на сите оние кои страдаат од сексуална дисфункција.

За некои од нив, одреден ментален тренинг би можел да биде неверојатно ефикасен.

Коментари

Популарно