Самоубиство во Скопје: жена се фрли од петти спрат

Непозната жена со скок од петти кат од станбена зграда си го одзеде животот во центарот на Скопје. Самоубиството се случило околу 14 часот на булеварот “ВМРО” односно во блокот згради од спротивната страна на главната Пошта. Од засега непознати причини, жената скокнала од терасата и паднала на плочникот пред зградата. Соседите кои откако го забележале телото на плочникот веднаш повикале полиција и брза помош, вчера негодуваат околу идентитетот на починатата.

0B6C3F1F17A02149BCBC7CB5F40D4F29

-Не знаеме која е женава затоа што тој стан неколку пати смени сопственици и сега не знаеме кој се доселил тука, велат тие, префрлајќи си еден на друг зашто се обиделе да ја отворат влезната врата од станот пред да дојде полиција и така ги замачкале отисоците кои сигурно претходно жртвата ги оставила на кваката.

C4D952F77EB9904BBC5F3C15D7E04C3C

Починала од падот веднаш затоа што паднала на глава, објаснува станар во зградата. Едната нога и е распарана веројатно од тоа што при скокот од терасата која е на петтиот кат удрила во бетоните кои се под терасата и стрчат. Веројатно тоа ја превртело и удрила директно со главата во бетон, коментираа станарите.

(фото:вечер)

Коментари

Популарно