Крвната група кажува какви сте во кревет

Крвните групи, освен начинот на кој треба да се храниме, ги откриваат и карактеристиките на поединецот, неговиот потенцијал, но и скриените склоности во љубовта и сексот.

sex1

Крвна група нулта

Лицата со оваа крвна група, во љубовта се однесуваат како и во работата, односно тие се темелни и упорни, без комплекси и настапуваат отворено кога заведуваат. Жените со крвна група нулта се отворени и преполни со шарм. Тие ги сакаат оние мажи во кои можат да имаат доверба. Потребни им се комплименти и докази за тоа колку вредат. Кога се во врска или брак, се многу верни, а имаат потреба за физички контакт и страстна љубов. Додека пак мажите кои ја имаат оваа крвна група, сакаат да заведуваат и се вистински авантуристи, па поради тоа, понекогаш се неискрени и кон себе. Колку подолго ќе го оставите да чека, ќе биде поупорен и повеќе ќе ве засака. Тие се многу чувствителни, совршени љубовници, со кондиција во кревет која изненадува.

Крвна група А

Лицата со оваа крвна група понекогаш имаат тежок емотивен живот, благодарение на своите главни карактеристики: срамежливотст, повлеченост и страв. Многу тешко ги искажуваат чувствата и се плашат да им се препуштат. Им недостасува храброст, а тоа само повеќе им штети. Жените со крван група А поседуваат неограничена љубовна фантазија. Тие уживаат во големи и страстни љубовни приказни. Во реалниот живот, им недостасува самодоверба, плашливи се и крајно затворени и повлечени. Се плашат од вљубување и многу тешко им се препуштаат на чувствата. Во бракот се одлични сопруги, иако не се претерано штедливи. Мажите со оваа крвна група се нежни, силни и преполни со разбирање. Сепак, често немаат доволно самодоверва, па бараат сигурност во врската и жени со слични карактеристики. За да бидат среќни во љубовта и да имаат добар секс, не им е потребна експлозивна страст.

Крвна група Б

Тоа што нема врска со срцето, за нив не постои. Не прифаќаат никакви правила или норми, не се придржуваат на забраните. Преокупирани се со моменталната ситуација и не ги интересира иднината. Жените со крвна група Б се многу динамични, а во јавниот живот понекогаш и екстравагантни. Но, кога ќе го сретнат мажот на својот живот, стануваат повлечени, дистанцирани и наводно доблесни. Фантазираат, оптимистични се, меѓутоа, сексот за нив мора првенствено да биде хигиенски. Мажите со оваа крвна група се многу необични. Тие уживаат да заведуваат. На сите жени кои ги среќаваат им делат комплименти, па во нивно друштво тие се чувствуваат посебни и единствени. Но, кога вистински ќе се вљубат, остануваат без текст. За нив сексот е многу важен, инвентивни се и совршени во него.

Крвна група АБ

Овие лица живеат во склад со своите чувства, па поради тоа понекогаш делуваат наивно. На жените со крвна група АБ, не им е многу лесно, затоа што истовремено се големи фантазери, но и рационални. Тие ги фасцинираат мажите со својата необичност, но во тоа претеруваат, па тешко освојуваат. Во бракот се добри сопруги, кои го сакаат својот дом и децата. Мажите со оваа крвна група не сакаат да зборуваат за љубовта. Уживаат во друштво на жени, кои ги привлекуваат како магнет. Преокупирани се со сексот и во него одлично се снаоѓаат.

Коментари

Популарно