Дневен хороскоп

ОВЕН

Финансиите, парите може да доаѓаат брзо и ненадејно, но на ист начин може и да си одат ако не сте малку повеќе концентрирани на истото. Силни ќе бидат поривите по хазард и игри на среќа, обложувалници и слични места, но вашиот знак сам по себе не е некој кој е синоним за тој вид на среќа. Немојте ниту да помислувате дека среќата е на ваша страна и подобро е тоа да го разберете и усвоите без финансиски загуби поради проверка на горенаведеното. Ако ви е досадно во бракот можностите се големи да ви се случи некакво ново познанство кое ќе мислите дека е љубов.

БИК

Во еден следен период од 30 дена ви советувам да го редуцирате темпото на ангажираност и да внимавате на своето здравје, особено на кардиоваскуларниот систем ако за такво нешто има и претходни назнаки. Значи работниот ангажман можеби е неоспорен, но атакувањето на

здравјето исто така. Ова посебно се однесува на оние од знаков кои имаат приватен бизнис, услужни или сервисни занимања, посебно оние кои се занимаваат со сите течности, а тоа подразбира и угостители и пумпаши на бензиска и водоинсталатери, значи сите можни асоцијации на оваа тема.

БЛИЗНАЦИ

Денес Меркур е активен и со самото тоа што го менува знакот и влегува во знакот на Лав. Ова ќе го почувствувате како засилување на вашиот темперамент, драматичност на мислите. Од се ќе сакате да направите фешта, драматика и неретко во тоа и ќе успевате. Внимавајте на озборувањата, посебно ако и вие учествувате во нив, дури и да се од конспиративно значење и карактер, бидејќи тоа не влијае добро на вашата енергија и може да ве доведе во доста компликувани ситуации, посебно ако некој ве провоцира за да изнуди некакво ваше мислење за некого.

РАК

Можни се некакви пресврти во вашата финансиска ситуација под услов родителите на некаков начин ви помогнат во истата, но бидејќи аспектот трае повеќе десетици денови, можни се и обратни ситуации, односно заслабнување на вашата финансиска моќ поради несакање на родителите да помогнат. Но интересот во споменатиот период може да биде насочен и кон пријателите, а во врска со некакви финансиски потреби или трансакции, односно помош или застапување на пријателите, познатите за добивање на некакви средства од финансиските институции.

ЛАВ

Престојот на Меркур во вашиот знак е положба која ветува дека вашите мисли и свест најпрво ќе бидат насочени кон здобивање со некаква положба, место, позиција во хиерархијата, статусот, јавниот, работниот или приватниот, а можеби и кон добивање наклонетост на моќни и значајни луѓе за вас. Притоа интелектуалните можности силно изразени, креативноста исто така, но и шпекулативноста и верувањето дека и среќата е на ваша страна. Кон последново посебно внимавајте на сообраќајот кога се чувствувате моќни зад управувачот на своето возило.

ДЕВИЦА

Внимавајте на поривите да се здобиете со некаква корист можеби, но и не мора само на материјална, на начин кој не е во согласност со етичките и моралните норми, да не зборувам за некакви можности тоа да не е во согласност и со законските норми. Имате силни и драматични тенденции кон заобиколување на правилата и нормите, а во смисла на се офајдите со нешто, можеби и на патувања. Лагата, но почесто полувистината, калкулативноста, пресметливоста ќе ви бидат основните и најсилни оружја. Истите ќе ги користите и во духовните прашања ако се занимавате со таква проблематика.

ВАГА

Може да ви се случи да ги заострите односите со пријателите или едноставно да не сте баш пријателски настроени кон својата средина и опкружување. Но можеби со парите кои на некој начин и не се ваши ќе играат значајна улога во еден подолг период, во смисла на кредити, во смисла на некакви инвестиции, обезбедување на истите, обезбедување на контакти или тендери и слично. Верските ќе ви бидат доминантни и пријателствата ќе ги проценувате токму на тој начин, кој ви помага -пријател, кој не - не ви е.

СКОРПИЈА

Доминација над партнерот или тој врз вас, но секако во поретки случаи бидејќи вашиот знак многу ретко трпи доминација. Јавноста ќе има многу значајна улога и влијание врз вас како и партнерските односи. Успешноста зависи од тоа колку сте и на каков начин инволвирани во политиката и политичките случувања, и тоа на највисоко ниво, но на нивоата каде се одвиваат нештата битни за напредок, кариера, добивка. Многу тајни околу вас, многу непроверени информации кои мислите дека се од важност. Проверете ја и најситната за да не се разочарате.

СТРЕЛЕЦ

Најголемиот дел од престојот на Меркур во знакот на Лав ќе бидете на некој начин инволвирани во работи и случувања врзани за странство, за политика, за некакви документи или документација, за правни работи, но и за остварување на некакви ваши цели во таа смисла. Ова го посочувам бидејќи најчесто вашата судбина во некоја смисла ќе биде поврзана за некакво странство или некакви случувања во него, секако на макро ниво кое е значајно за вас, некакви информации, контакти, но и пријатели кои ќе ви помагаат околу тоа. Внимавајте на нозете.

ЈАРЕЦ

Љубовта најчесто ќе биде емоцијата која ќе ја имате во овој период, и тоа кон некого, кој е најчесто дел од вашиот ангажман, односно работите со личноста или ве врзуваат исти професионални интереси. Од друга страна, многу динамика и креативност, па оттаму можности и за успеси на статусен и деловен план. Од друга страна и љубомората ќе биде честа, посесивноста, па се можни прилично жестоки и драматични кавги со партнерот или со личностите кон кои имате чувства, а можеби се и деца во прашање.

ВОДОЛИЈА

Партнерските односи ќе бидат доминантни за вашето внимание и успешноста на вашиот партнер. Ова ќе мора да го разберете дека на сите можни начини ќе се обидувате да му помогнете на својот партнер, од тоа да постигне некакви резултати и позиции до тоа да го придвижите да направи некаков напор кон некакво свое остварување. Резултатите ќе бидат како и вашиот однос. Ако е хармоничен големи постигнувања, ако не е мали или никакви. Ако работата или ангажманите ви се јавни, тогаш доста силна популарност, познатост и успеси, промоции.

РИБИ

Најголем проблем во следниот период е тој што ќе се занимавате со ситници и нема да имате баш некоја особена цел да се зафатите со решавање на некои поголеми и покрупни нешта во животот, иако имате такви. Одлични ќе бидете во сите облици и видови на комуникација со можност за куси патувања. Но, ќе морате најголемото внимание да го посветите од денес натаму на партнерските односи, особено ако односите не ви се добри во секојдневното живеење, бидејќи во еден догледен период можат да ескалираат.

Коментари

Популарно