Последното интервју на Робин Вилијамс

Робин Вилијамс во своето последно интервју за „Гардијан“, зборуваше за својот живот и сите несреќи кои што му се случиле.

robin-w-oskar-470x320

Тој раскажа дека по напорната година во која што сними дури четири филма, повторно одлучи да се врати во центарот за рехабилитација.

Вилијамс пред раѓањето на син му во 1983 година беше зависник од кокаин и алкохол, но откако стана татко одлучи целосно да и се посвети на рехабилитацијата. Во тоа успеа и издржа цели 20 години, но при снимањето на филмот „ The big white“ во 2003 година, повторно започна да пие.

-Бев во мал град кој што не е на крај на светот, но може да се види од таму. Помислив дека алкохолот може да ми помогне, бидејќи бев осамен и чувствував страв. Премногу работев и на крај одлучив да ја направам најлошата работа на светот, да почнам повторно да пијам-рече тој.

Вилијамс раскажа дека по првата голтка се чувствувал топло и убаво, но веднаш сфатил дека има проблем и дека никој не може да му помогне. Истакна дека дури и смртта на неговиот пријател, Кристофер Рив немала влијание врз неговото враќање на пороците.

-Само што ќе помислам дека алкохолот ќе ми помогне околу стравот, тоа не се случува. Се плашам од се, стравот е насекаде околу мене и ме фрустрира-изјави актерот и додаде дека не сакал да се врати на кокаинот, бидејќи тој би го убил.

-Кокаинот ме прави параноичен и неспособен, иако е забавен-истакна тој.

На Робин му била потребна една недела за да сфати дека повторно има проблем со алкохолот.

-Првата недела се лажете самиот себе, зборувате дека можете да престанете и тогаш вашето тело се спротивставува и вели не. По тоа ми беа потребни дури три години за да застанам-нагласи тој.

Идеата за рехабилитација потекнала од неговото семејство, а тој секоја недела посетувал собири на кои присуствувале лекувани алкохоличари. Неговиот втор брак заврши во 2008 година, токму поради алкохолот.

-Правев лоши работи, од кои тешко се опоравува. Секој може да рече дека ми простува, но тоа не е исто како закрепнувањето. Не можеш да поминеш преку тоа-тврдеше тој.

Коментари

Популарно