Должината на прстите на дланката говори каков љубовник е

Должината на прстите на рацете, односно должината на показалецот и домалиот прст, јасно укажуваат колку еден маж е спретен во креветот. Истражувањето на антрополозите покажува дека нашите примитивни претци веројатно биле многу повеќе сексуално ослободени . Антрополозите ја откриле врската помеѓу споредбената должина на вториот и четвртиот прст на раката кај повеќето примати и нивната палавост. Според овој индекс, неандерталците и другите човечки претци биле вистински љубовни ѕверови.

SONY DSC

Според теоријата, нивото на машките хормони во утробата на мајката влијае врз растењето на показалецот и домалиот прст. Високото ниво на андрогените водат до пократок показалец и подолг домал прст. Преднаталното ниво на тестостерон има врска со многу карактеристики, во поглед на машкоста, како агресија и желбата за доминација. Тоа се изразува и врз понатамошната желба за поголем број сексуални партнерки. Или со други зборови, мажот со подолг домал прст е одличен љубовник, додека они мажи со долги показалци...генетиката не е на нивна страна.

Приматите кои се склони кон промискуитет имаат пократки показалци, додека кај моногамните видови пократок е домалиот прст.

Коментари

Популарно