Дожд и громотевици, но каде?

nevreme1-610x400Денеска е петок, 22 август, 234-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 131 ден.

Денот трае 13 часа и 41 минута.

Во Скопје Сонцето изгрева во пет часот и 47 минути, а заоѓа во 19 часот и 26 минути.

Месечината изгрева во два часот и 53 минути, а заоѓа во 17 часот и 21 минута.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Во крајните северни делови можно е да има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 28 до 35 степени.

Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Коментари

Популарно