Цеца во Сараево со хелихоптери, војска и полиција

Светлана Ражнатовиќ – Цеца, вечерва, за прв пат по војната ќе одржи концерт во Сараево. Концертот на стадионот Славија е прогласен за настан од висок ризик, по заканите од некој екстремистички бошњачки групи како и хрватски екстремисти дека ќе го спречат настапот.

svetlana-ceca-raznatovic-1372035434-329599

Поради тоа Цеца ќе пристигне со хеликоптер, а во придружба на обезбедување со автомобил ќе отпатува во Бијелина, од каде, со обезбедувањето на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ ќе влезе во хеликоптер за да стигне до меѓуентитеската гранична линија од каде, под силна полициска придружба ќе се упати на стадионот Славија за концертот.

ceca-09

Организаторите велат дека се превземени сите мерки на безбедност и дека посетителите можат да бидат спокојни. Сепак, Цеца не сака да ризикува. Таа воопшто нема да се здржи во Сараево ниту пред ниту по концертот. За неа е резервирана собра во еден луксузен хотел во Источно Сараево, но само за да се подготви за настапот. Веднаш по завршувањето на концертот, таа се враќа за Белград.

Коментари

Популарно