Доктор тврди: Не е добро да не се пие алкохол

Сите знаеме дека една чаша црвено вино по ручекот е добро за здравјето, но ќе ве изненади тврдењето дека дневно може да испиете цело шише вино, а тоа да нема штетни последици по здравјето.

images

Докторот Кари Поиколаинен, кој работи за Светската здравствена организација веќе со години го проучува влијанието на алкохолот на човечкото тело. Има дојдено до заклучок дека алкохолот е штетен само ако секојдневно се конзумира во поголеми количини. Овој експерт тврди дека дневно можете без страв да испиете 2,5 литри пиво или едно шише вино.

Исто така, верува дека за здравјот е подобро да се испие и малку повеќе од препорачаната количина отколку да се биде тотален антиалкохоличар.

F

– Доказите упатуваат на тоа дека умереното конзумирање на алкохол е подобро за здравјето отколку да не се пие воопшто, но исто така прекумерното пиење е многу полошо од апстинирањето. Но, дозволени се поголеми количини од она што вообичаено се препорачува, односно без страв можеме да испиеме повеќе од една чаша дневно, рече Поиколаинен за „Дејли Мејл“. Веднаш потоа се јавија и други експерти кои го тврдат спротивното: алкохолот е штетен и со неговото конзумирање повеќе му штетиме отколку што придонесуваме за здравјето.

Коментари

Популарно