Кондомите се здрави за жените?

Кондомите се измислени за заштита од пренесувње на полови болести, но истоте се покажаа корисни за колониите на добрите бактерии во женските гениталии

hitportal-kondomi

Кондомите се сѐ уште најсигурната заштита од сексуално преносливи болести, како и од несаканата бременост, но кинеското истражување покажува дека придобивката од кондомите многу е поголема, бидејќи тие имаат големо влијание врз здравјето на жените.

Всушност, истражувањето покажало дека жените кои користат кондоми како заштита имаат поголеми колонии на корисните бактерии во гениталиите, а со тоа овие микроорганизми ја одржуваат киселоста на вагината на право ниво од 4,5 pH вредност, која го спречува развојот на штетните бактерии кои можат да ги предизвикаат инфекциите.

Иако не се омилени средства за заштита на поголемиот дел од мажите, по овие резултати би требало да се поработи на подигнувањето на свеста дека со употребата на кондомите, меѓу другото, се заштитува и здравјето.

Коментари

Популарно