Дневен хороскоп

ОВЕН

Во денешната прогноза давам акцент само на еден аспект кој може да предизвика некаква тврдоглавост, настојчивост и упорност, која се граничи со фанатизам, во овој случај ваша кон другите, односно едниот родител како можност, и тоа оној со кого немате баш некоја голема близина и кој е најчесто директивен и доминантен, или пак, иста таква или слична фигура, отелотворена како шеф, надреден, претпоставен. Веројатноста да бидете чепнати во некој комплекс е голема, во некаква своја инфериорност или инхибиција, во првиот случај токму и предизвикана и создадена од родителот, а во вториот како последица на претходното.

БИК

Најчувствителното поле денес се односите и комуникациите, и на овој план можеби и со блиски личности, можеби и со подалечни или случајни личности со кои, поради редот на нештата, морате да контактирате. Може да ви се манифестира некаква тврдоглавост и фанатично инсистирање, особено ако се работи за случајни личности, на пример, некаков службеник во некоја институција кој, поради стравот од одговорноста, инсистира на глупости, детали, бара дополнителна документација, потврди, кои и не можете да ги набавите, сe со цел да се заштити. Но ваквите тенденции се можни и во други односи, а најопасно е некакво настојување, фанатична упорност и нетолеранција во сообраќајот.

БЛИЗНАЦИ

Денов може да биде прилично напнат поради некакви финансиски проблеми и трошоци кои не сте ги калкулирале, но и поради некакви инсистирања, ваши или на женска личност, околу насочувањето на финансиите на оваа или онаа страна, која не сте ја третирале како приоритетна или не е третирана како значајна од другата страна, па оттаму напната атмосфера на инсистирања убедувања, исклучивост. Тоа може да е најактуелно околу пладне, поточно околу 14 часот, и ако му придатете значење на можниот настан или случувања, отиде убавината на денот во неврат. Сите останатите аспекти тешко дека ќе го поправат вашето лошо расположение.

РАК

Има прилично добри дневни аспекти , па со оглед дека Месечината е во вашиот знак, односно во своето седиште, оттаму може да манифестира исклучителна чувствителност за потребите на другите, но околу пладне или нешто подоцна можностите се менуваат, па има шанси за манифестација на некаков невиден инает или упорност од партнерот или, пак, од постара женска личност на јавно место или објект. Ваквите формулации се потребни за да можете да асоцирате малку, бидејќи објаснувањето и опишувањето на можностите ќе бара многу повеќе простор, па ве поттикнувам да асоцирате малку околу наведеното. Мотивите на ваквите однесувања се комплекси, инхибиции.

ЛАВ

Поголемиот дел од денот може да ви биде прилично напнат и лош, со оглед на аспектите, освен ако не одолеете на некакви ситуации и прилики во кои не сакате да ја кажете вистината, па ќе употребите лага или ќе се обидете да ги скриете вистинските мотиви со некаква неразумна упорност и настојчивост, но тоа може да доведе до моментална дестабилизација на емотивен план, многу возбудувања да не бидете откриени и посрамотени. Попладнето и вечерта посмирена ситуација, стивнување на дневните напнатости, весело расположение, но внимавајте и во тие моменти да не пројавите тесноградост и претерување.

ДЕВИЦА

Можеби некој филм сe уште ве држи од изминатите денови, но не мислам да гледани филмови туку на оние во вашата глава, во замислите за животот, а не самиот живот. Контакт со реалноста и враќање кон мајката Земја можеби ќе се случи околу пладне, со помош на пријатели или на познајници, можеби некаква фанатична упорност од нивна страна, што ќе ве врати во реалноста. Всушност, денес може да имате најголеми проблеми со познати и пријатели или да настојувате за нешто кај нив, па оттаму напнатост и наелектризирана атмосфера. Попладнето повеќе релаксираност и кај вас и кај вашата околина

ВАГА

Со оглед дека Венера денес има одличен дневен аспект, би требало расположението да ви е весело, да се чувствувате малку занесено, но радосно, па ако уште успеете да не се прашувате зошто е тоа така туку да уживате што е така, имате пред себе убав ден. Растурач на забавата, како што се вели, е некој исклучително упорен, можеби едниот родител или некој на деловен, професионален план, некаква настојчивост која се граничи со глупост, а и логично е дека само некој со мал коефициент може да напнува нешта од порив, а не од размисла. Се надевам дека не сте од тие и оти нема да бидете исклучиви.

СКОРПИЈА

Убав е денот и за вас зошто и не би бил. Можеби ќе добиете некакви информации околу некакви ваши значајни и големи планови и настојувања, врзани за големи системи или институции, странство, странци, високо образование, некакви правосудни потреби и слично. Проблем можеби ќе прави вашата исклучително активна мечта, која може да ве турне во некој, иако пријатен, сепак нереален филинг, а пладнето да биде доста разочарувачко. Во комуникациите премногу инсистирања од ваша страна, непотребна настојчивост, особено со блиски личности, брат, сестра.

СТРЕЛЕЦ

Утрешниот ден можеби нема да ви се допадне поради некакви непланирани трошоци, иако вообичаено се такви, или нечија упорност во проценувањето на некои нешта за кои имате сосема спротивни проценки, инсистирања на нив, без премногу валидни аргументи, можеби од суеверие, ниска свесност и слично. Целиот ден е прилично добро интониран, во смисла на астролошките аспекти, но спомнатите напнати можности во пладневните часови, иако кусо траат, неколку часа, да речам, можат да ви го упропастат денот, ако го допуштите тоа.

ЈАРЕЦ

Мислам дека денес ќе запнувате за нешто, иако и самите нема да бидете баш премногу убедени зошто го правите тоа, но ќе биде мотивирано од некаков компетициски однос со некого, особено во јавноста, јавно место или јавна комуникација, но најчесто поради партнерот, некаква чувствителност и раздразливост на таа тема и односи во последно време, доживувањето на односот на партнерот како непријателски, тенденциозен, навредлив и слично, па оттаму многу настојчивост нешто да биде по ваше, и никако поинаку. Иако ова може да биде прилично куса епизода во денешниот ден, внимавајте да не ви ја однесе убавината на денот бидејќи има убави дневни аспекти кои ве засегаат и вас.

ВОДОЛИЈА

Велам дека денот има пристојни дневни аспекти на еден нормален вообичаен, нешто поубав ден од останатите, со конотации на радост и некаква тивка веселост, задоволство во попладневните часови. Небудноста која, вообичаено, ја манифестирате, може да ве вовлече во некакви фрустрации и поттикнување на комплекси од личности кои на сите можни ниво се на скалило подолу од вашето, или вие ним да им го предизвикувате, па оттаму многу настојчивост да биде по нивно, докажувања, тврдоглавост, непријателско однесување и слично. Ова може да се однесува на постари личности, и тоа по прашања за нивното здравје

РИБИ

Убавиот ден, како што посочуваат астролошките аспекти за денес, може да ви го расипе само односот со децата и нивната тврдоглавост, која се граничи со безумност, односно која е продуцирана од некакви нивни инхибиции и комплекси, па оттаму невидена тврдоглавост за некоја ординарна глупост, а за да си го спасите расположението и да не влегувате во лавиринтот на објаснувања, размисли и претпоставки за манифестацијата, ви советувам веднаш да се согласите и да не се заинаетите и вие, што е многу можно. Значи, попуштете и оставете ги работите какви што се.

Коментари

Популарно