ФОТО: Првите службени фотографии од венчавката на Клуни: Еве како изгледаше венчаницата на Амал Аламудин!

Венчавката за која се' уште се зборува е дефинитивно онаа на заколнатиот ерген Џорџ Клуни во Венеција. Сега се појавиле две насловни страни од неговиот најважен ден!

Славниот заводник конечно се оженил на 53 години. Џорџ Клуни и рекол "Да" на атрактивната 36-годишна адвокатка Амал Аламудин, која носела венчаница со потпис на Оскар де ла Рента - додека славниот актер носел одело на Армани.

Се појавиле две насловни страни - за списанијата Hello и People и тешко е да се каже која е подобра!

ByxFvPuIYAA0rDl

На списокот на поканети на најгламурозната венчавка оваа година, имало 136 имиња, меѓу кои биле Бред Пит, Анџелина Џоли, Сандра Булок, Мет Дејмон, Бил Мареј, Синди Крафорд и други.
Клуни, кој стекнал планетарна слава со улогата во телевизиската серија "Итна служба", рекол дека никогаш повеќе нема да се жени откако во 1993. години се развел од актерката Тали Балсам, и се обложил со Мишел Фајфер, Никол Кидман и Сандра Булок во 100.000 долари дека ќе остане ерген.

ByxFu3IIAAE5fn7

Неговата избраничка Амал Аламудин е ценета британска адвокатка со либанско потекло.

Коментари

Популарно