Македонците си ја продадоа љубовта!

30-ти Септември 2014 година, вторник како и секој друг. Освен на Лагадин во Охрид каде во црквата Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж беше тивко одбележан големиот православен празник, денот кога се слават верата, надежта и љубовта.И не би болело сето ова толку ако на 14 Февруари секоја година Македонија не е обоена во розево и на големо се слави љубовта и католичкиот празник, на истиот ден кога православниот свет слави Св. Трифун.

vera-nadez-ljubov

Не дека ми пречи празнувањето на љубовта во било кој ден од годината, впрочем мое мислење е дека истата треба да се слави секој ден, секој момент, но ми пречи кога се слави љубовта затоа што така вели глобализацијата. Сигурен сум дека 99% од оние кои го слават католичкиот светец Валентајн не ни знаат кој бил тој и за што тој е заслужен, но тоа не им пречи да купат по некоја ружа и да одат на романтична вечера токму на 14ти Февруари. Но, не се само тие виновни. Виновни се маркетите, продавниците, рестораните, кафаните, сите тие нудат посебни услови за своите муштерии на тој ден. Го форсираат Валентајн за некој денар плус во својата каса. За екстра профит си ја продаваме религијата и Св. Трифун – чуварот на лозјето и на болните. Зарем толку си ја цениме верата? Неколку букети цвеќе, по некоја бомбоњера и вечера се доволни за да заборавиме на еден светец кој животот го посветил да им помогне на болните?

Но, не се само газдите и менаџерите виновни. Тие можат само да пробаат да продаваат, ако нема муштерии, робата ќе им остане, па следната година нема да ја донесат. Доказ за тоа е денешниот ден. Колку сакаат Веро и останатите маркети денеска да форсираат бомбоњери, тоа не поминува. Македонците не слават Вера, Надеж и Љубов. Трите сестрички кои биле убиени затоа што верувале во Бог за нас и не постоеле. Зошто? Бидејќи глобализацијата не ги форсира. Тие не се искомерцијализирани. Тие се чисти и свети, па затоа за нас небитни. Болна е оваа вистина, но немаме друга. Стигнавме на стадиум кога славиме само она што светот вели дека е добро, односно она што е маркетиншки покриено и искомерцијализирнао. Славиме само она што ќе ни речат и од она што можат да заработат. Љубовта... па и не е толку важна. Верата ја продадовме, а Надежта пополека си заминува. Сите три сестри еден ден ќе се откажат од нас како што ние се откажавм од нив и од Св. Трифун.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно