Што значи обликот на нејзината интимна фризура?

За женските интимни делови од телото да бидат уредни, редовен дел од женската рутина е и депилација на бикини зоната. Но, бидејќи интимната фризура е и средство за заведување, многу дами имаат прецизно дефинирана слика за она што се крие под гаќичките. Дознајте што интимната фризура може да открие за жената која ја има.

intimna-friz-g1

Природна фризура

Станува збор за класична депилација која била популарна во 80-те години, а се однесува на отстранувањето на влакната единствено околу бикини зоната, односно оние кои не би сакале да ги видеме на плажа или надвор од рабовите на костимот за капење.

Таквата фризура опишува дека жената сака природна убавина. Таа е скромна личност која знае што сака и не сака да привлекува премногу внимание.

Триаголник фризура

Овој тип на депилација спаѓа во најчестата интимна фризура, која освен на препоните и бикини зоната опфаќа и дел од влакната и на интимниот дел и остава природен триаголник.

Овој тип на депилација опишува динамична жена која сака промени, но истовремено и сигурност. Станува збор за морална личност која понекогаш сака да игра со нејзиниот сексапил.

Cherokee фризура

Оваа интимна фризура е линија чија дебелина зависи од желбата на дамата, а најпопуларна била во 90-те години. После депилацијата, влакната не се оставаат во природна должина, туку се скратуваат.

Ваквиот начин на депилација открива отворена и комуникативна личност која не се плаши од промени и нови животни препреки, сака авантури, но во границите.

Бразилска фризура

Бразилската фризура подразбира отстранување на сите интимни влакна. Моментално е една од најпопуларните депилации.

Бразилската фризура опишува сигурни и слободни жени кои се свесни за својот сексапил и сакаат дополнително да го истакнат. Тие знаат што сакаат и на кој начин да дојдат до својата цел.

Коментари

Популарно