ВИДЕО: Ова е најпознатиот ловец на педофили, погледнете што им прави кога ќе ги фати!

Стинсон Хантер, самопрогласениот “ловец на педофили” од Нанитон досега помогнал во изведувањето пред суд на 10 педофили, вклучувајќи и војници, наставници и адвокати.

zapoznajte-go-najpoznatiot-lovec-na-pedofili-179609

Британската ТВ станица “Channel4″ снимила документарец за овој човек, кој е поранешен нарко зависник.

Хантер и членовите на неговиот тим се претставуваат како момченца и девојчиња на интернет и СМС комуникација. Минатата година Хантер предизвикал бура во јавноста бидејќи е одговорен за самоубството на еден од педофилите кои ги разоткрил.

h1-654x292

Хантер со својот тим ги намамува педофилите во куќа каде што тие очекуваат да се сретнат со детенце со кого мислеле дека комуницираат. Камерата е секогаш подготвена да го сними педофилот пред тој да сфати што се случува.

Како педофилот влегува во куќата, еден од членовите на тимот на Хантер бара од него да се претстави, по што започнува да го фотографира со фотоапарат.

Во документарецот не се гледа лицето на педофилот, но се гледа моментот кога започнува драматичната потера бидејќи манијакот трга да бега од куќата. Хантер и помошниците викаат по него да застане и му кажуваат дека информациите ќе и’ ги предадат на полицијата.

h2-654x366

Оваа видео снимка е промотивен трејлер од едночасовниот документарец кој “Channel4″ ќе го емитува и го следи начинот на кој Хантер и неговите соработници стапуваат во контакт со педофилите преку интернет и мобилната апликација за состаноци па ги намамуваат во стапица.

Хантер во филмот изјавува дека секој член на неговиот тим има дефинирана улога. Грајм, кој се појавува во промотивното видео, задолжен е за техничка поддршка и се занимава со монтажа на снимениот материјал.

Хантер и неговите помошници ги предаваат СМС пораките, разговорите на интернет, видео снимките и фотографиите во рацете на полицијата. Тоа до сега резултирало со 10 судски процеси.

Во документарецот се гледа како тимот на Хантер подготвува замка за одреден педофил. еден од членовите на екипата ги следи црно такси додека разговара со другите двајца “колеги”. Тие за тоа време нервозно “висат” од прозорот додека чекаат таксито да се паркира во близина на куќата.

Кога еден од членовте на тимот ќе викне “Таксито пристигна”, тие двајца излегуваат со камера да го разоткријат педофилот. Мајкл Паркес (45), минатата година си го одземал животот откако бил откриен во една од акциите на Хантер.

Коментари

Популарно